послужавник м.

послужавник (м.)

Машината веднаш ја стави кутијата цигари на послужавникот, заедно со кибритот, тој ја скина црвената лента од целофанот на горниот дел, го отвори едниот ќош од опаковката и извади една цигара.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега стави еден стол до креветот и потоа го донесе послужавникот со појадокот и го стави на столот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го остави послужавникот на столчето блиску до вратата и дојде до масата прво да се поздрави со гостите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој ја вдишуваше прељубата и таа му беше понудена да ја јаде на послужавник.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Келнерите со послужавници забрзано шетаат на сите страни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го стави послужавникот на комодата, туркајќи ги предметите настрана за да ослободи простор за послужавникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа падна врз послужавникот и силно тропна.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Зеде послужавник и прибор и помина низ редот.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Самоуверениот и згоден менаџер на проектот го заврши своето излагање, спомнувајќи ги глобалното село и неизбежниот процес на демократизација, следеше вообичаеното ракоплескање, потоа се појавија келнерите со послужавниците и слично.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Па, добро.“ Се заврте и полека, со рацете в џебови тргна накај полицата со послужавници.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Ме однесе до нејзиниот „свет”, така таа го нарекува сребрениот послужавник врз кој има наредено безброј мали и необични предмети што ги има донесено од разни страни на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Па што да правиме сега? - праша Коте. Сега Проедросот, со рацете на масата, ги погледна братучедите и сакаше малку да земе здив пред да ги праша што ќе ги праша, но толку тогаш крцна трказот на вратата, влезе жена со послужавник в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Ами, поседете си бегу, оти толку рано ќе си ојте? — запна и Бојана да го задржува, ама Колобан и чкрапна со окото и таа ја зеде празната чаша на послужавникот и му ја подаде белата рака на бегот, на која светкаше на ламбата бела, сребрена гривна со три жолти черечиња подресена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа вечер семејството вечераше во дневната соба - Дејв јадеше на каучот, Сузан на послужавник во нишалката од трска, а Ренди на подот пред телевизорот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Ушчоме, не сме јабанџии, милозливо вели жената и му подава слатко од дуњи во црвеникаво ребресто поте на долгунаест порцелански послужавник, оивичен со тенка сребреникава метална плетенка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жената поблиску му го турка послужавникот. - Земи си добро, домашно е...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чаршискиот кафеџија, со бела но не премногу чиста престилка, со фес на глава, на послужавник со висока рачка донесе кафиња за некои Турци, изнервирани од сложноста на каурите, кои веднаш се повлекоа зад некој џамлак.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ајша писна изгорена од врелиот шербет и го испушти послужавникот со златните канчиња на него, та го дигна ибрикот со половината шербет во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еве го љубезниот Арапин – во менталниот послужавник ми носи шолја жежок, темен, густ чај.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но грнчарот упорно го држеше пред нив подадениот послужавник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе