посмртен прид.

посмртен (прид.)

Во посмртниот живот не можеш да се напнеш да мислиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Приказна како приказна, ја сервираа на јавноста на фонот на посмртните маршови и закани дека ќе стрелаат прецизно таму каде што најмногу ќе ја заболи државата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А и добро направив. Со својата посмртна моќ јас в час можев да се најдам среде гробиштата, ама намерно пешки заодив по патот што води кон капелата, таму каде што се подредени продавачите на цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега мене во овој мој посмртен живот можеби ми претстои да гледам токму еден таков филм сниман и премонтиран од сликичките на целиот мој животен живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Барем овде во посмртниот живот тоа е јасно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја следиме со внукот посмртната поворка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Силно возбуден близу претпоставениот гроб со посмртните остатоци на легендарниот херој на Картагина, врховниот борец возбудено молчеше, а потоа силно се расплака. Размислуваше така речиси еден час.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не би можела да беше жива да замисли ниту мојата баба Хазбије, која сега почиваше во корчанските гробишта, имајќи среќа во смртта, нејзините посмртни останки да не ги преораат како оние на нејзиниот сопруг во повоениот Подградец, неговиот син Сами, не можела да замисли дека најпосле нејзиниот внук ја отворил нејзината голема затворена врата на животот (а kapi), станал амбасадор. Вратата која баба сакаше да ја отвори, вратата на границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Генералот ми ја зеде десната рака и ми го стави орденот во дланката, велејќи ми: - Благодарната грчка татковина посмртно го одликува вашиот син и го унапреди во чин десетар.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но лекарот ги извади слушалките од ушите и ѝ одмавна со главата, па место кочанот со рецепти ѝ побара да ископа од торбата посмртен лист, па ѝ издиктира како да го пополни според податоците од здравствената книшка и плус неговата дијагноза на латински јазик како причина на смртта. (Нешто како апоплексиа фулминанс).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги следеше посмртен марш, се упатуваа кон отворена гробница околу која беа старите превоспитани логораши со лопати живи да ги закопаат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога загинал, телото нацистите не му го донесле а само им дале посмртни одликувања.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Застана за минут наместо, замолча небарем одаваше посмртен почит на паднат херој, а потоа си промрмори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По тој начин јас патувам понатаму нз својот посмртен живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Според легендата, генералот Пиколомини на блиската планина Водно со својата војска под звуците на посмртен марш на воениот оркестар ја посматрал смртта на градот, а на австрискиот цар Леополд му пишувал дека решил, не од срце, да го закопа градот во пепел, со згради какви не видел, со џамии од најдобар мермер, украсени со илјадници кандила и позлатени алкорани, убави старини, градини...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Турците не можеа да го разберат барањето на Бургиба кој дојде во 1968 година во приватна посета за да ги однесе самиот посмртните останки на Ханибал, верувајќи во својот неприкосновен меѓународен авторитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Модерната филозофија го роди ова посмртно дете, на кое што веднаш му беше направена трансфузија на крвта (и покрај ризикот), пред да го однесат на крстилницата на слабата мисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А на музиката најмногу ѝ прилегаше да биде посмртна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Посебно го саштиса кучешкиот посмртен ритуал што го доживеа или можеби го откри последнава зима.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Турците му предложија, наместо да му ги отстапат посмртните останки на Ханибал, на истото место да се изгради голем мавзолеј, кој би сведочел против римскиот империјализам, но во исто време би бил паметник на турско-туниското пријателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе