посоветува св.

посоветува (св.)

Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе си најде мана пред децата дека дошол компири да купи за дома, а насамо ќе се посоветува со стариот пријател и ќе го моли за помош.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние тука се посоветувавме и одлучивме куците девојки уште денес да ги пратиш во главната болница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Крсте си ги забележа сите предмети во тевтерчето и се посоветува со баба си колку пари горедолу ќе треба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И уште нѐ посоветуваа да возиме внимателно, зашто казните за било каков сообраќаен прекршок се многу високи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ми рече дека тоа не е прашање за полицијата и ме посоветува да го побарам началникот на царинарницата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеби ја посоветува да си го прибере болното место со мек облак. Ајде, умна птицо, малку да си позборуваме, му реков на утот во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Скокам на јаже и сега, со моето заљубено мало (големите веќе не скокаат, носат штикли) и не можам вистински и правилно да ја посоветувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Напротив, сметам дека сето време ја следела ќерка си, се прикрадувала зад неа, сакала да се увери дали Аксја ќе постапи токму онака како што била посоветувана, според напатствијата што самата ѝ ги дала...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А на Лумана му должиш и, ако не слушаш, едно ќе те посоветувам: отсега натаму слушај го и други марифетлаци не ти требаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Татко ми беше на тридневен пат до Љубљана и јас одлучив да се посоветувам со мајка ми, надевајќи се дека таа ќе знае да ми помогне на некој начин, зашто веројатно од тие нејзини книги за воспитување на децата од предпубертетска и пубертеска возраст, сетики нешто научила.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никогаш не купувај ја глупоста! – ме посоветуваа и од тогаш овој поттик не престанува да ме следи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За мастиката, се посоветува претходно со братот медицинар.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога си заминувавме дома, милиционерот го посоветува тако ми: од утре, на дедо да му ја напишеме на едно ливче адресата и телефонот, и постојано да ги носи со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тогаш еден пријател ме посоветува: - Мавни се од глувчешкото пријателство, зашто може да се случи, не ти нив, туку тие тебе сургун да те пратат и да не те вратат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Сепак, посоветувај ја девојката дека саможртвата не се исплатува – продолжуваше со советите Грофот без да си ги измие рацете – таквите истапи, како нејзиниот, доведуваат до прераспоредување на вината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакав само да ве посоветувам. Напијте се еднаш.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Луѓето немо го заколнувале: раскажи, честит стрико, што си видел, и ние, ако нѐ посоветуваш, ќе му свртиме грб на овој безбожен мрак, со пеколот не се војува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Синиот пајак со златна глава ме посоветува од моите пазуви: Замолчи Пупи Паф, не преизвикувај ги, Своите сили за друго чувај ги.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сепак реши да ја посоветува: - Оној момент кога самата ќе почувствуваш дека си доволно силна да го издржиш патувањето, да се сретнеш со Хелвиг, со синот, можеби и со свекорот и свекрвата, тогаш - тргни. Но, не порано.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе