посредување ср.

посредување (ср.)

Постапката за посредување, врз основа на записникот и трошковникот, се води пред оваа Комисија – којашто, пак, е формирана од Министерот за труд.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако постапката за посредување не успее, Комисијата го известува инспекторот за труд, за овој да поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред прекршочниот орган.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа би значело да наседнеме на онаа иста разлика зададена од неговите идеолози: разликата која ги исклучува сите посредувања, помеѓу автентичната и дегенерираната култура.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Основна и првобитна операција на банките е посредување при плаќањата.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Согласно ЗИПДНД (1992), правното лице што врши дејност распоредена во дејностите: производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност регистрирано како претпријатие, може да ги исплатува нето платите за месец април 1992 година најмногу во висина на просечно исплатената нето плата по работник во месец март 1992 година зголемена за 25% (чл. 4, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И понатаму: за посредување на осетот за простор потребни се стереоскопски очила, коишто на секое око му носат сликовни информации.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Претседателот на Комисијата за посредување е должен да ја започне постапката во рок од 48 часа од денот кога е пристигнато барањето!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во првичното значење во турскиот јазик поимот kudo го забележа како проводаџија, посредување при женидба, но и како никаквец, озборувач, додека во другите балкански јазици значењето се пренесуваше со различни нијанси на дејство на пренесување на лошотии од кодошот за друг човек, најчесто за материјална корист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трудовиот инспектор, во овој случај, составува записник, којшто заедно со барањето за поведување ваква постапка ги доставува до Комисијата за посредување, и тоа во рок од три дена.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Второто дополнување предвиде правното лице што врши дејност распоредена во гранките производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност распоредена во областите од 12 до 14 (согласно тогашната национална класификација на дејностите), освен правното лице кое е регистрирано како претпријатие, платите за јули 1992 година и натаму да ги исплатува во висина на исплатената просечна месечна плата по работник утврдена согласно овој закон и усогласена со стапката на порастот на платите во стопанството за мај 1992 година во однос на просечната плата остварена во стопанството за март 1992 година и зголемена за 50% (чл. 3, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Всушност, се работи за тоа дали банките, како кредитни установи, не трпат штета од тоа мешање на банките во индустрискиот процес на производството, дали тие не ги жртвуваат солидните принципи и сигурната добивка за љубов на дејност која нема ништо заедничко со посредувањето при добивањето на кредити и која банката ја доведува во област во која му е таа повеќе одошто порано потчинета на слепото господство на индустриската конјунктура.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Впрочем никогаш не се чита директно. Знам дека секогаш се чита од шеми и посредувања, значи ни јас не заповедам мене да ме читаат со некакви пренесувања во интуитивни екстази, но барам да се биде повнимателен при посредувањата, покритичен при преведувањата и при заобиколните контексти кои често се мошне оддалечени од моите. 60 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во 2004 година, во склоп на одредбите со кои се уредува ново-воведеното посредување за работа во странство, донесена е и одредба според која агенцијата за посредување за вработување задолжително пред упатувањето на одредено лице на работа во странство со него потпишува договор, при што тоа лице има право на надомест за неисполнетите обврски (чл. 3, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
(...) Секако, Анексија ги обработуваше и оние обвинети за посредување, саботажа и политичка вина, по принципот на подвижна лента.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, постоеја сите околности недоразбирањата да се изгладат и тоа без некои посериозни последици за Родна и за нејзиниот брак. Дури и без туѓо посредување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
5.  Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку: 1) огласување на јавен оглас во дневниот печат на товар на работодавачот; 2) објавување во службата надлежна за посредување при вработување, без наплата, во согласност со закон; 3) посредување на службата надлежна за посредување при вработување 68 преку упатување на лица за вработување од евиденцијата на невработените лица и 4) агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Макар што дипломатското, официјалното, во однос на Палестина, Палестинците и Арафат, големото семејство кое страдаше, повеќе во ништо не зависеа од моето дипломатско посредување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За склучената согласност по пат на посредување се составува спогодба во која се констатира согласноста на двете страни.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За објавување се смета, исто така, и објавувањето во просториите на службата надлежна за посредување при вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе