потепа (св.)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори,
небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му
излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа
памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка
нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле
чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти
после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе
си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема
веќе што да ми земе, може само животот или калта од
под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до
ножот од брат ми...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе видиме ќе земиш или не! — и го затвори токму на Благовец во една од визбите на кулата, го протепа неколку пати и им нареди на Трајка и Кулета да се спремаат одма по Велигден за свадба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ги протепа Адем неколкупати и им даде тродупли работи на чифлигот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
МИХАЈЛО: Мајко. Ова цел живот ни го кажуваш. Или никогаш ништо не си ни носела или редно е некој да ги потепа бесните кучиња кои секогаш, баш тука блиску, пред прагот, се ни претураат, во јазот, во кал. (Пауза)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Та, ене го и даскалот Бино ја протепа жена му, што е даскал, та веќе оти секој втор селанец в село ја има тепано жена си барем по два три пати во животот, тоа си е редно.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)