потплаши св.

потплаши (св.)

Ние се искачивме на горната ледина над зимниците Јанески за да му кажеме на стрико Симо за срната бидејќи се исплашивме дека може да ја испушти и таа потплашена да му избега и да удри право во Турците ловџии.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дали од големите детонации се потплашени сите гадурии?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одам и од секоја униформа се потплашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По ова, како да се потплаши болеста и луѓето продолжија да ја собираат летината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе види некое пиле да го прелетува и тој ќе рипне, ко потполошка, потплашена и ќе трча по пилето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега почнувам и да не се плашам и да се плашам. Што е ова со мене, си велам, до преѓеска се молев да ме убијат, до преѓеска ја молев смртта, а сега смртта почнува да ме потплашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кој пат ќе поминам по тие места, туку ќе ми се втурне нешто наеднаш оттаму, ќе ме потплаши, што се вели, ќе ми ја замати душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Доаѓа до грмушката, го бара фрленото лепче, го бара и му пее: “Просениче, медениче викни и потплаши ме!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ми скока тоа во градиве, мислам потплашено пиле имам затворено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може овој пат, ќе не замине болеста, си мислам, може дошла само да нѐ потплаши и ќе си замине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потплашени братучедите се засолнија зад амбарот пред чардакот и зачекаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да не сум јас одредена, таа крв, со својата крв да ја вратам, И си мислам, дали и мојот глас ќе се јавува, ноќе, во долот и ќе ги потплашува луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден летен ден, јавајќи кон планината, коњот нешто ми се потплаши, се разрипа и од торбето ми испадна лебот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Скокаме преку длапките, преку дупките, а од меѓите излетуваат потплашени пилиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лединка со неколку овци на неа кои се потплашија од мавтањето на стапот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Некои изрипуваат, потплашени од своето грчење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тамам јас да влезам во таа просторија кога гледам дека тие веќе влегле, зеле што зеле и сега божем потплашени од мене бегаат, се кикотат затоа што ме оставаат со чувството ниту дека знам дали нешто зеле ниту пак што зеле а по сѐ судејќи дрпнале нешто.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Луман се тргна само за да го потплашат Бошка, како што смисли итрата глава на Дика.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ама, ниеднаш не ме потплаши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе