пофали св.

пофали (св.)

Ниеден друг народ на Европа не може да се пофали со тоа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Среќа дека помеѓу жените нема толку многу кодоши, како помеѓу нас, мажите, ја пофали тој и ја погали по образот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нерамностите што ќе се покажат во јазикот на мојата книга се сосем природни и ќе може да се отстранат само при едно подлабоко знаење на централното македонско наречје, со што не можам да се пофалам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може тој да се пофали и со луѓе што сакаа духовно да се одделат Македонците од Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Аце на 28 години имал поголеми мадиња за разлика од сите овие педесетгодишни давајгазовци кои во своите битки можат да се пофалат само со разранети колена и згрбавен рбет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Вчера пред сите партизани прочитаа заповед со која ме пофалија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дали можат раководците на движењето да се пофалат со успех?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комитетот може да се пофали и со поумерени раководители, но и тие мислеа оти спасението на Македонија е само во духовното обединување, па и господствување на Бугарите во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа Едо – авторот верува дека Едо и саскаше да се пофали, но и затоа што авторот нему му ја влеа нужната доверба – на масата го распростре планот за куќата со дваесет и пет соби и дванаесет бањи што планираше да почне да ја гради наскоро на една рудина каде што се подигаше нова резиднцијална населба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако дадеме некому нешто, сакаме да се пофалиме дека сме дале и сакаме да ни се изрази благодарност. Тоа е грдо.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Едниот му се пофали на другиот дека чита многу интересна книга и тоа на јазикот на кој ја напишал авторот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Па само со тепање вие можете да се пофалите во вашата фамилија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кое литературно братство на светот може да се пофали со вакво антикомунистичко педигре? Треба да се биде горд!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Црномурниот заровите ги фрли Облакот се повлече од челото, се стопи И затечен помисли: љубовта кога ќе те опие зарот не смее да е врл, и се пофали: „Можев да ја уловам пастрмката, за прекрасна вечер на ѕвездениот чардак!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На свеченоста присуствуваа и претставници на властите од Лерин и од 100 месни одбори од околијата и голем број селани од околните села и говор одржа префектот Депас кој ја пофали постапката на жителите од селото Атрапос.”
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ми се пофали и важно ги крена ретките веѓи над шашливите очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со ништо да се пофали, од ништо да се покуди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со трчање отидов дома да ѝ се пофалам на мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И навистина никој не памети да го видел или чул Аргира, да пофали некого или да каже барем еден добар збор по свршената работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе