почесен прид.

почесен (прид.)

Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Без тоа дежурни походи на англо-американски шпиони и мисионери, со полни џебови фунти и долари кои на Черчил ќе му го донесат местото на почесен граѓанин на Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крпите служат за бришење садови во кујна или им се оддава почесно место на ивицата од лавабото, стуткани за да не реметат со својата флекавост.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Нејзиниот сопственик беше присутен на ревијата како почесен гостин кој овозможи штофови и изработка на голем дел од моделите во неговите простории кои беа опремени со најсовремени машини од Кемниц, Германија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Претседателот со десната рака ми честита, со левата ме прегрнува, ме бацува и потоа, сѐ уште држејќи ми ја раката, се истргнува да можат присутните да видат колку величествено изгледам со почесниот забрадок во боите на државното знаме околу главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Градот реши, на иницијатива на четириесетина потписници, да ме прогласи за почесен граѓанин, во знак на благодарност за придонесот на моето книжевно дело, односно за придонесот за балканската книжевност, што овозможи мојот роден град да стане познат во светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ги продолжува татковите илузии, во соочувањето со новите налети на балканската историја во двете последни декади на XX век, кога пишувајќи трага по патот на враќањето од егзил, односно пристанува во дотогаш земјата без враќање Албанија, по падот на сталинизмот и енверизмот, односно последниот бастион на комунизмот на Балканот и во Европа, го остварува сонуваното враќање, како почесен граѓанин на родниот Подградец, на брегот на Охридското Езеро, во Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Нашата понуда е почесна од вашите муцки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Почесните трибини како да расцутеле од убавите дами.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште пообемна е неговата општествена дејност: бил секретар на Друштвото на писателите, секретар и претседател на Македонскиот ПЕН центар (сега почесен потпретседателот), основач и претседател на Граѓанскиот комитет за македонско-грчки дијалог и разбирање, основач и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (сега почесен претседател), член на бордот на Транспарентност Македонија, член на писателите при Универзитетот во Ајова, САД, главен уредник на издавачкото друштво „Стерна“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Саде добродушно ме турка како старо, раскантано фиќо низ четките во автопералницата за потем светнат да го свртам почесниот круг околу новиот сончев зрак.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Фасадите потпукнуваат почесна стрелба, ги шират своите цврсти ѕидови... минуваат купишта луѓе, креатури од далечните ѕвезди, виолетови каскади... продираат во ѕидовите, заканувајќи се тонат во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
КОСТАДИН: Во сојот не чепкај, зашто ќе се испечеш! Не ти се допаѓа? Подобар е од твојот и почесен!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги вратија коњите по децата што дојдоа со нив, а тие ја формираа првата почесна редица од гледачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа те и ми нудат почесен стол во своето друштво.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
КАТА: Убав е тој. Почесен од него здравје!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сандолини, нивеи, многубројни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско- министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се разбира дека е доцна за каење дека ѕвездите веќе се клапнати и дека продавачите на пуканки пак ќе ме прогласат за почесен издишан балон.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Повеќе