почеток м.

почеток (м.)

Во што се претвора крајот тогаш: дали во нов почеток или во нова бездна што нѐ враќа пак назад и пак на исто?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од април до мај не врзуваш крај но празникот мора да остане нај на банката камата огромна дај и пак отпочеток рмбај и трај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
На почетокот од бракот сѐ беше како што треба.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По нивна иницијатива во почетокот на деведесетите години се образува едно национално сепаратистичко движење со цел да се одделат интересите на Македонците од бугарските со издигнување на едно од македонските наречја на степен на литературен јазик за сите Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На почетокот од записот има една реченица во која се прашувам зошто си го гнасам лицето и дека таа мисла постојано ми се меткала низ глава.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се виде зошто го прави тоа дури ноќта спроти Илинден кога снопот почна да гори оној час кога камбаната го објави почетокот на востанието.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Драги патници времето е вонредно тажно целта неподатна летаме на опасни височини со душоломна брзина само уште неколку илузии и ќе се спуштиме на почетокот не размислувајте и не напуштајте го седиштето сѐ додека наполно не запре работата на срцето
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога во глобалистичката агенда не е предвидено Формирање на невладини организации Кои сесрдно ќе се борат за неотуѓивите права на кривите краставици И од нив да се прави салата на европските трпези Како што на пример на почетокот на дваесет и првиот век Имаше портокалови и други невладини организации Кои со каранфили и рози им го поплочуваа патот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Уште од самите почетоци јас сум обраќал внимание на говорниот јазик и сум барал за него простор во стихот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во почетокот, племето што живеело на островот, со недоверба и со страв се однесувало спрема овие непознати луѓе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во почетокот на 1950 година кај нас стигнуваа малобројни групи Грци од земјите на народната демократија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бил регрутиран уште во почетокот на Втората светска војна и шест години минал на три фронта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во почетокот на нивната пропаганда Србите и не мислеа да ги прават Македонците Срби; тие сакаа просто да создадат во Македонија редум со бугарските и српски интереси, така што во времето на решавањето на македонското прашање да добијат колку што се може поголем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чанга држеше значаен говор. Сведочеше за времето на козите од почетоците до денес. Беше добро подготвен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Патем речено не сум сигурен точно дали се викаше пионерска заклетва или нешто слично, и не гарантирам во врска со точноста на извадокот од неа на почетокот на текстов.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Нивната стратегија од самиот почеток на вистинската вооружена борба против окупаторот, сѐ додека под налетот на западните сојузници окупаторските војски не почнат да се повлекуваат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Набргу тој беше силно возбуден и гласно се смееше додека малите фигурчиња надежно напредуваа кон целта а потоа беа изедувани и враќани на почетокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многумина се жалеа што ретроспекцијата на почетокот од филмот беше лага.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа место уште во почетокот на годината му го определи учителот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Повеќе