поштеди (св.)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нема да се поштедиш од изобилството
знаци и емоции
нема никогаш да сакаш помалку:
причините се множат како инсекти.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Никој што еднаш застранил не бил поштеден.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кај муслиманите владеело општо мислење дека животот на четворицата гемиџии ќе биде поштеден како одговор на помилувањето што го извршил рускиот цар на убиецот на рускиот конзул Шчербин.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
А имај го предвид фактот дека никој не беше поштеден во неговите говоранции.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Според гласините од другата страна Бог и него не го поштедил и Шарон ќе падне во длабока кома од која нема никогаш да се пробуди!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мислам дека го избрале најлошиот начин ближниот да го поштедат!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Судот понекогаш нè поштедуваше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сакаа на таков начин да ѝ приредат заеднички реванш на нивната судбина на Балканот, за да ги поштеди, одмине нивните потомци!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мојата баба како да беше одраснато сираче, небаре вградена во куќата крај Езерото, како во една поприфатлива и почовечна варијанта отколку во балканските легенди, во кои млади мајки се вградуваа во темелите на видни градби, за да се смилуваат злите и кобни сили да ѝ ја поштедат градбата од мистериозно уривање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Миракула Божја го поштеди Филозофот, и тој слезе меѓу нас, на земјата што бевме, и рече: „Сѐ е умножено верно и добро е умножението“. И тоа се случи патем.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Логотетот беснееше, пена на устата му се јави, како кај бесен пес; а јас гледав во Лествичникот, единствен кој од зборовите на логотетот поштеден беше, и дури за пример на душа чесна и силна беше истакнат, и гледаше блажено, притворно невино, полн доблест лажна!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За да поштедам еден будала, би можел да убијам стомина. Не, благодарам.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
За да те поштедам, јас лично зачукав на неговата врата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Татко, па јас можеби по овој начин те поштедувам од многу непријатности.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
6 Но, и овој најнов општ закон (lex generalis) за оваа материја не беше поштеден од интервенции, при што, до крајот на 2009 година, се донесени четири негови измени и дополнувања.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Поштедени остануваа само куќарките на сиромасите, начичкани по ридовите над чаршијата, со стрмни сокаци без ноќни светла и камен за починка пред секој праг.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Поштедете ја барем сестра ми. Слепа е,“ им реков на војниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само тоа, синот и нејзе да не ѝ каже за својата намера да се замонаши, плашејќи се, сигурна сум во тоа, не дека таа нема да ја разбере неговата обземеност со верата, уште помалку дека ќе го негира неговото право на избор на свој светоглед и начин на живот, туку дека ќе моли да го поштеди татка си...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)