правописен (прид.)
Степенот на отсуство на поклопување помеѓу графемите и фонемите неизбежно се одразува во бројот на арбитрарните „правописни правила” коишто децата мораат да ги научат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
За илустрација на одот и на резултатите од борбата меѓу стари и нови течења доста е да се потсетиме за борбата на христијанството со паганството, реформирањето на Русија од Петар Велики, преродбата на Чесите, Литовците, правописната реформа на Вук Караџиќ итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како семантички и формални критериуми врз кои се дефинираат правописните правила за изделување на сложените зборови и изрази се налагаат следните: поимското значење на сложениот збор, односот (рамноправен или нерамноправен) на компонентите што влегуваат во неговиот состав, самостојноста или несамостојноста на компонентите од кои е образуван, граматичкото (морфолошко и синтаксичко), зборообразувачкото и акцентското оформување на сложениот збор, како и автентичноста на правилата за образување сложени зборови во македонскиот јазик и туѓојазичните влијанија.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Повторно ги забележав вообичаените мали правописни грешки, од времето кога беше здрав.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сложените зборови и изрази од два или од повеќе зборови можат да се пишуваат слеано, полуслеано или разделено, односно како сложенки, полусложенки или сложени изрази, синтаксички структури на тесно поврзани зборови по значење и по функција – синтагми.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Во делот за правописните знаци се внесе белината во определени позиции кај интерпункциските и кај правописните знаци.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Јас не сум ниту филозоф, ниту правник и моите интервенции се однесуваат на откривање материјални грешки: печатни грешки, правописни прорусти, внесување зборови кои недостигаат итн.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
МИСИРКОВ: Сонцето...
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)