правосмукалка (ж.)
Правосмукалка Смотан влекач со глава на кобра и со апетит на питон, ги меле остатоците од нашето распаѓање со желудник на морско куче.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
И во шуплината на металниот дел од цревото на правосмукалката ѕвецкаше силно, како мноштво игли.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Пилотите исто така беа изземени, откако една климактерична жена предизвика катастрофа намерно удирајќи во зградата на љубовницата на нејзиниот сопруг, ул. 254, влез 3, стан 46, од лифтот одма лево, како одмазда за тоа што тој, сопругот, ѝ купил на љубовницата правосмукалка на вода со ХП филтер, а неа, со три мали деца и долговлакнест териер, не.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Времето не зависеше само од визуелниот ритам на физичката средина туку и од акустичкиот ритам на самата зграда, кој беше под влијание на вообичаените звуци на зградата како што се звуци на мотор, вентилатор, чекори, машини за пишување, правосмукалки, ѕвона и елементи кои можат да се стават под контрола како што е звукот на свирче.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)