пранга ж.

пранга (ж.)

За да не се најде во пранги на мраз, јато жерави со крици се простило од мочуриштето во кое безгрижно го минало летото и се упатило кон југ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако ја свршија оваа работа, им ги стегнаа рацете наопаку со белегзиите што ги имаа и во затворот, но затоа пак им ги ослободија нозете од тешките пранги за да можат да одат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му крварат рацете од тешките пранги.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Покажете го вашиот валкан образ и погледнете нѐ право во очи...ако тоа го можете вие со скинати пранги на вашиот потрошен ум, ве има многу...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Прости ми, но сакам да ти го кажам ова сега, кога ти тежат други пранги.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе ги скинеме прангите на визуелни граници од црвената линија што сме ја поставиле...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пролетерот, комунистот, новиот човек во квечерината на револуцијата нема што да загуби, освен ропските прангии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Одличен показ за демократијата на печатот, би коментирал некој западен грижољубец за ослободување од „прангите на едноумието“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И уште ви велам: блажени се оние што се освестиле, оти најголеми пранги се прангите на стравот и на малодушието во кои самите сте се оковале, а најголемо ропство за човека е слабоста на неговата волја“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Попот и Трајко беа оковани со пранги од по дваесет оки и врзани со синџири за гуши, со белегзии на рацете, потоа двајцата еден за друг и така ѕевгарички идеа водени напред од четворица сејмени, а назад следени од осум.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Окованите патем се плашеа и се радуваа. Одеа колку што им дозволуваа тешките пранги и си мрмореа тивко меѓу себе: – Сега ќе биде што ќе биде – ѝ велеше Јован на Сирма. – Ако те ослободи тебе султанот како жена, за мене да не жалиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прангите, границите, ѕидовите, ограниченоста сѐ е во човечкиот ум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како ѕвер фатен в клопка, Џемал-ага лудее, удира со прангите, ги крши вратите, ги копа ѕидовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ајдете, браќа, сите содружно да ги скршиме ропските пранги.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Тој има здравје, но и срцето што може да му е слободно, сега е во вистински ропски пранги.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Згора, добро му доаѓа макар и привременото ослободување од прангите на стварноста.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
2. Би што би со прангиите, сега започнувам посериозно да си ја гледам школата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ние го ослободуваме терминот, симнувајќи му ги ропските пранги, за да претставува еден самопоетичен, кон себе насочен систем на организација, кој настанува во космосот во разновидни по величина системи. Во луѓето, општествата, атомите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ете, човек без пари може и да полудее. Тоа е потешко од прангите и стаповите на полицајците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе