прастар (прид.)
Оној ли крај границите застанат на стража со прастарите куршуми во оружјата нови...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Времето се отвора и на прастар збор го одгатнува Лузна по лузна и рана по рана записот на душата И зошто земјата замириса на мене.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи со очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво го подвитка опашот и се спушти низ долчето гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Како во прастарата физика, тие со себе го носат сопственото место, својата точка на рамнотежа која повеќе не претпоставува никакво поместување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
2. Од прастаро темна засипната боја Кружи околу тврдините И го пали времето.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи до очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво; го подвитка опашот и се спушти низ долчето, гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Моите татковци од прастаро колено, така ме покрстија, и кога роденденски подарок ми носат, на тортата го ставаат истото име МАКЕДОНИЈА Не, јас не се прекрстувам...нека знаат тие што сакаат да го извалкаат нашето име.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
8. АФЕРИМ НА МАГАРЕТО ШТО ИЗЛЕЗЕ ОД БАТАК - а ако на панагонот носело и човечки товар историјата на човештвото таа прастара дата ќе треба да ја календарува со прослава нова...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Полицата висеше на посебни кабли кои се губеа во темнината зад сировиот сјај на два прастари рефлектори закачени над Подот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
18. ГОСПОД ШТО ЌЕ СПОИ, ЧОВЕК ДА НЕ РАЗЕДИНИ ПОТЕМ - но и матичарот да се јави на закопот со власта па и со параграфи да го приклешти тој, скротен, спор меѓу мажот и жената адамоевински прастар...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не, овој балкон на најдобрата цвеќарка ќе остане истиот да цвета, да пее од убост, да се кити, со прастари Македонски песни, приказни, преданија...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Мајка на патот го бараше просторот каде што пред многу, многу години, тогаш во обратен правец, со едно прастаро вовче кое исчезна со тесната пруга, со Татко и со нас децата патуваше кон Скопје, крај реката Вардар каде што останавме засекогаш, во друга земја, со друг народ и дел од нашиот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Морав сам на струг да ги направам и двете дванесет-калибарски чаури, а потоа и сам да ги наполнам; морав да ископам еден прастар микрофилм со инструкции за полнење на чаури; Морав да направам преса за да ги подесам капсулите -а сето тоа е многу зафркнато.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Осамени меѓу прастарите стебла Ја слушате виолината на Марин Сореску, А потоа долго Жан Пол Гибер Ви го толкува лицето на благата смрт. (Сина вода блика во сеќавањето: Од мостот на Незвал Гледате жена во множина).
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Прастар естетички судир (...) Дали изворниот антагонизам меѓу двата „апсолути“ кој е толку заострен во денешниот свет, не само во денешната уметност, претставува борба за сликата божја?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ми дојде на сон тешка како осамено заборавање,
ко свето море и коб ми капна во речта
нова како заљубување, убава како сеќавање
тагата ми дојде ко будење на прастара мечта.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сите негови размисли поаѓаа од тезата дека Албанците ја започнале полифоната песна во прастарите времиња и само кај нив останало четиригласното полифоно пеење кај Тоските, посебно во областа Лабрија.
„Граница“
од Луан Старова
Мајка не можеше да ја протолкува оваа Таткова наклоност кон проучувањето на јагулите, на нивниот пат, на нивниот код на сеќавање, на нивното прастаро жителство во Езерото, на тајните на нивното заминување, на нивната поврзаност со судбината на луѓето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)