прашина (ж.)
Ја гребам и ти фрлам прашина в очи.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Шета со очите и ја гледа прашината што рее низ воздухот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
По некој извик далеку, топот и фркање на коњ, отворање и затворање врата, замавите на метлата на Надежда во дворот уште раното, пред да може да се крене прашина, кашлицата на мајка ѝ.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Отруен од егоистични поети и нивните патетични стихови книгите им се облеани со прашини самобендисано се читаат себеси Трујат со песни непотребни и надмено глумат богови на поетски средби здодевни секогаш изнудуваат проливи Проклети силувачи на зборот бесмислени и неинтересни колку ли терор претрпел листот од нарцисоидни убивачи на песни Потрошени се листови тони хартијата претрпела грев и наместо поетски трипови хартијата би служела за огрев
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Синтезата на болот и шумата стеблото го претвораат во прашина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ја издува прашината, со растреперени прсти ја одврза врвцата и на маса почна да реди пожолтени исечоци од весници.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Отпарај, мајче, отпарај, конец од веленцето и со него да го бележиме патот за в дома... трагите прашина ќе ги покрие; патот водје ќе го излокаат... парај конец од веленцето за да знаеме по кој пат да се вратиме дома...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Врисокот повторно одекнува заглушувачки, облак од прашина го замаглува видикот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Цветав во прашина и во малограѓанска здодевност под знак на крст, тогаш жилава фиданка со нејаки боцки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Врз камената и карпеста плоча неука рака го има испишано денот, месецот и годината, а прашината што налегнува врз неа ја издувува северњакот и само дождот ја пери...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Позната е неговата изрека дека народот е како прашина која се движи како што тој ќе дувне.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Истрив рака во прашината на ќумурот и ја премачкав мачката преку светлата дамка под увото.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Веројатно за да ги измијат улиците од прашината и нечистотијата пред првиот девствен снег.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Неколкугодишна прашина ги покриваше дрвените седишта.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ели кашлаше загушена во прашината од малтерот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Виде — не видов, чу — не чув". Со еден збор Доста беше слуганка, да го чува детето, да го капи и да го пере, да измие пијатата, тенџерињата, душемето на одајата да го истрие, прашина да избрише и нешто да помогне на готвачката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Прашината подигната од развлечениот чекор не успева да ги покрие трагите што како лишај се втиснати во селската калдрма.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Три тома да ви седат у плакар и да ги бришете од прашина со години е стварно бескорисна работа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Се рече дека од таа прашина и вошките и гнидите ќе пцовисаат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)