прди несв.

прди (несв.)

Нему целиот стомак му се креваше и спушташе и така ги прдеше зборовите. Капираш?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ме прогласи националист, вели, а тој се потсмева со Прогласот за рамноправност, се испрдува со нашиот јазик.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти крсти, а тоа прди сѐ кај стигне. Не читаат ли весници? Не слушаат ли радио?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Мислите сѐ што лета се јаде. Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас. Воздивнувате по Германија!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Додека газдите прдат во рај твоето мото е „трпи и трај“ со душа го чекаш првиот мај на ливада скара пак да се клај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А ти ми велиш дека јас сум заслужил да возам џип... за да ми прди зад грб некоја заднинска вошка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Притоа му заповедал да го коле несреќникот така што тој, од страв, да почнел да прди, а ако овој не прдел, тогаш четникот, за казна, добивал десет стапови по газ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да ти се мочам јас на твојот здрав народен дух, кога се смее само на гениталии што залутуваат во туѓи гениталии и на ануси што прдат; тоа ли е врвот на народната уметност, Луцијо?!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа ја прашале: дали е вистина дека сум рекол, од збор до збор: „Да ти се мочам јас на твојот здрав народен дух, кога се смее само на гениталии што залутуваат во туѓи гениталии и на ануси што прдат; тоа ли е врвот на народната уметност, Луцијо?!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А подобро е кога локомотивата прди и само се тркала.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
БОЖО: Еве ти ортак, Кристина. Уметничка душа. Вашата сорта не се трезнеше, се тртеше кај ќе стигне со кого ќе стигне и прдеше на сиот нормален свет.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
— Не прди, нема воздух!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЈАКОВ! Јас само прдам на вас, историјата ќе ве посере!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сега ќе почне да прди како магаре.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)