преврзе св.

преврзе (св.)

Тие кои требаше да бидат преврзани ги ставаа на масите за преврска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лево, напред, врата, а во дното долап; меѓу прозорците огледало од горе малку спуштено и украсено со крпа со домашен вез во форма прозорец со расечена завеса и од горе на среде преврзан со корделка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не смееш ни шамијата да ја преврзеш, ни скутината да ја преопашиш, ако ти избегала настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас веднаш како санитарка му ја преврзав раката, а тој ми рече: Сега, нема ли да ми кажеш дека ме сакаш, а јас му одговорив: Ќе се земеме ако останеме живи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тука за преврзување ми помогна Бугаринот. Јас му ги подавав завоите, а тој го преврзуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Свенаа и жените, и момите. Шамиите преврзани и преку носот и преку устите, и кошулите напластени со плева и прав.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Застанал зетот пред врата и сите сватови на коњи, наметнати со белите јапанџаци, на главите фесови тунузи преврзани со белите чалми, опкачени сите со пиштоли жолтомедни, а на нозете сите со скорни црвени.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Болничарот ја преврза раната, а командантот оцени дека Лефтера не е за в болница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Врват меѓу нас, како отворени казарници и ни даваат некои лекови, нѐ преврзуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Раката не ѝ беше повеќе преврзана и сега имаше само лента од фластер околу глуждот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тешко ранетите само провизорно беа преврзани со валкани, окрвавени завои и крпи. Под нив се гледаа загноените рани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Таа шепоти нешто над главата од Мирчета, му дува во темето, и ја преврзува шамијата под гуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ќе ги одврзувам, ќе ги преврзувам, ќе ги чешкам по вратот, не знам што правам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин нѐ острижија. Нѐ стрижат со искрвавени машини, оти машините им заглавуваат од вошки, нѐ мијат некои чесни сестри, нѐ преслекуваат, нѐ преврзуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја преврзуваме Струма Количовска, а таа само нѐ бара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак го помилува Дорча, му го извади самарчето и го преврза да пасе на друго место.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му го мие рамото и со парче од кошулата му го преврзува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му ја преврзаа воспалената вена со некаква маст што го отстрануваше чешањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Леле, еве ја пак, на другиот лист. Сега устата не ѝ е преврзана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе