преграб м.
преграби св.

преграб (м.)

Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Наеднаш тоа се најдува во прегработ на нежните бели раце. Маман, маман!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На влезот се појави Мита и, тресејќи го од себе снегот, до огништето фрли цел преграб кусо сечени цепеници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од спротивната страна се појави Коста. Носи преграб ролни од хартија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тој се ослободува од прегработ на Гога, тешки му се неговите раце, и пак влегува полека внатре.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ранет бил, штитоносец бил, прв ќе појде со знамето на надевањата во нови преграби. Исклештено ждракал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој до мене и самиот беше во преграб на соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Комарец еден остро свирнува покрај увото. Замавнува во преграб. И овде ли треба да се брани?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сириецот се исклештува, терајќи го најмалиот, голобрад придружник (сѐ уште исплашен од приказните за крвожедната Гило што во пустелија со пајакова плунка им ја цица крват на децата сè додека не им ја остави виснатата кожа) ситно да се закашла, придвижувајќи го натежнатиот простор како леснонога искра што се впива во молчалив преграб: - Не убедувај се дека тој ќе те заштити.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нели, и самата наеднаш ќе констатираше: Ништо полесно од тоа, да му влеташ на маж в преграб.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од простата причина, дека после гласот на Катерина што неколкупати ме одмина и она изненадувачко претрчување на Јана по силно осветлениот премин, таму негде, зад последниот свиок од некој темен влез на затворската просторија истрча тетка Боса и ми се фрли в преграб.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби ги мереше кој од нив двајца е делија за за нејзин преграб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)