прегратка ж.

прегратка (ж.)

Само во твоите прегратки наоѓав сила да се разбудам и да вдишам од свежиот зрак на новото утро.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот Ѕид прегратка Ѕид за кршење глава Ѕид магија Берлински ѕид Ѕид фуснота Ѕид без ѕирка и проѕирка Ѕид пророк Алтернативен ѕид
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Во тој момент куклата се истргна од нејзината преградка и рипна на отворениот прозор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Нивната цврста прегратка како да покажуваше и зачеток на уште нешто... Со својата камера младата новинарка го следеше искачувањето кон врвот и на другите учесници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајките од смртната прегратка ги извлекуваа своите рожби со млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мојот манук веројатно ќе шизне кога ќе слушне за преграткава, му реков на суртукот за кого бев помислила дека си ти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја здогледав празната лика на едноокиот како смрт како страшна прегратка Навечер ли беше од дното ечеше гласот на неговата смеа...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Пак студи во Москва и пак ми треба твојта прегратка. Многу ми треба таа прегратка со вкус на цимет.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Оваа ноќ остани во прегратките, да го слушнеш ритамот на моето срце, да го сетиш вкусот на мојата искрена љубов...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Слатката детска насмевка, ги потиснува сите темни дамки, сите мигови што носат чувство на немир, во крошната ја оставам нејзината прегратка, за мирно да спие, со слатки сништа, чедо мое...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пасторалата ја дополнуваат усамените минувачи во прегратката на песокот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во прегратките да ми спие сонот на бесмртноста, танцот на самовилите да ме води на свети места, а јас нежно да чекорам по невидливата патека на вечноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Главно зборуваше за својата голема тага, за тоа како ја будат среде сон гласовите на несреќата; го проколнуваше оној „кој му ја фрли смртта в прегратка“; но како што минуваше времето не забораваше да забележи дека нејзин Ролан таму горе сигурно е задоволен бидејќи на неговата могила секој ден осамнува свежо цвеќе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Прегратката од моќни раце ѝ влеваше сигурност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа ја фрли кафеавата торба за алатки на подот и му се фрли во прегратка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа прегратка остана во мене засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Прегратката на маж во која без да сакаш ќе налеташ е нешто сосема друго се трудеше да ми објасни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одеднаш цврстата прегратка почна да попушта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе