предградие ср.

предградие (ср.)

3. Распосли си го окото - мојата љубов сака да патува мојата љубов сака да залута да се врати, да нѐ спаси мојата љубов сака Во предградието на твоето око трепките си поигруваат есен, отвори, патникот кој чука е љубовта ќе влезе за да побегнеме од времето меѓу градите отсекогаш сум носела виделина окото твое отсекогаш ме барало мене - разбуди го, ноќва како на сон те сакам, погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сепак, тоа седење во прашливата барака, особено моето раноутринско или ноќно враќање во предградието, ми го откриваше градот во една поинаква слика од онаа што ни се нудеше преку ден.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во педесеттите бев прилагоден млад професор со деца, со куќа во предградието, и пиев мартини.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Болвата во малиот циркус на париското предградие се викаше Ришелје.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па дури и вревата и ѓурултијата на градското индустриско предградие беа придушени од разлистените лисја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зар апсурдноста на повикот од еден државен систем со кој не се идентифицирам може да ме регрутира и да ме испрати на фронт каде ќе ми ги истурат цревата за цел која ми е далечна колку и септичките јами во некое од предградијата на Рио де Женеиро, може да се нарече морален, а моето дрогирање да се оквалификува како неморално?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Широките подискинати карти, распослани врз училишните табли, тврдоглаво го поврзуваа со зборот непристапност – небаре големите предградија сакаат да го заштитат од туѓинци и потем исползуваат за некое мрачно нечествие од типот на баба чиј остарен син, поради неа, воглавно, останува сам...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Изгубен во осаменоста ќе беше малиот Дом Без оној дрворед од сомненија И без приказната што ти ја принесуваат Духовите на тас од ветрови прачки Завиткани во срма од месечина, Негде во предградијата на реченицата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Марта и Ана ни кажаа дека живеат во убава куќа во тивко лондонско предградие, и постојано нѐ уверуваа дека пријателите на Зигмунд прават сѐ ние сестрите да добиеме визи за излез од Австрија, па потоа ќе можеме да им се придружиме во куќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ќе не симнат во некое предградие на копното, ќе ја смират во нас морската болест, и пак ќе нѐ фрлат на бродовите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мајка му, питома жена, ме чуваше како да сум ѝ син; од кај неа одевме во град или скитавме по блиската пруга во предградието и мечтаевме за жени, пари и патувања.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никогаш не дознав зошто мајката и сестрата на Земанек живееја на другиот крај, во друго предградие.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во Америка, просторот им придава велелепност дури и на сивите предградија и таканаречените funky towns.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Земанек живееше во една распадната куќарка во предградието, останата од дедо му по мајка; живееше сам таму, без мајка му и сестра му.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Заскитани светлини по ноќни патеки Во предградијата на реченицата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Османлиите, во времето на моќниот султан Сулејман Величествениот и најголемата експанзија, по неуспешните опсади на Виена, верувале дека градот на реката Вардар ќе биде првото нивно упориште на Балканот, еден вид истурено предградие на Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе