предност ж.

предност (ж.)

Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие ѝ давале предност на саможртвата на македонската интелигенција и гледале со недоверба во способноста на Револуционерната организација да подготви општо востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не сакам ваквата негова предност да му ја одземам но јас навистина не би можел да го следам во неговите чувствени акробации. Затоа и сакам да го приземјам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секоја мина одделно поставена и секое минско поле се наша голема предност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наместо таа да ламентира заради ова, јавната уметност може да ја искористи оваа маргинална позиција во своја предност:
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Германија настојувала да ја искористи предноста во наоружувањето.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Треба да се истакнат предностите на социјалната политика чијшто креатор е нашиот татко на нацијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во меморандумот изготвен од Морган на 2 февруари 1943 година се нагласувало дека при изведувањето на акциите предност требало да му се даде на рудникот за хром Алатини бидејќи таа акција можела да се реализира за многу кратко време.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Непосредните предности од фалсификувањето на минатото беа очигледни, но крајниот мотив беше таинствен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вечната клетва секогаш ќе те стигне Во секое време, низ животи многу Одлучи понизен да бидеш пред Свјатоме Богу И секогаш во предност пред другите ќе идеш Ќе бидеш признат, ќе бидеш свиден Ќе бидеш благословен и можеби некој иден Наш спасител, месија пратен Од народот свој по барање вратен Нови надежи да донесе во земјата ветена Неомеѓена, единствена, осветена! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но заверата може да дојде и однатре: Евреите обично се најдобра цел бидејќи ја имаат таа предност едновремено да се и внатре и вон.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Само сакала да ми ги прикаже предностите со кои ја надарил животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие треба да имаат предност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од друга страна, има големи предности да си стар човек. Ги немам повеќе истите грижи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До 1878 бугарската пропаганда во Македонија имала предност во однос на другите две пропаганди поради фактот што дотогаш Бугарија и Македонија биле во рамките на Османлиската империја и заеднички воделе борби за национално ослободување од повеќевековното османлиско ропство и духовно ослободување од стегите на грчката патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секоја од овие можности има донекаде различни предности и недостатоци. Најмалку радикален чекор кон ублажување на забраната би било класирањето на дрогите по категории при што би се легализирале најмалку опасните.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури и ако новите технолошки предности не ни даваат чиста брзина, се осмелувам да кажам дека тие се индикативи за нова форма на темпоралноста, современото чувство за подесување на времето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Уметникот во својата осаменост создава нова онтологија и ги испитува нејзините предности или нејзината злокобност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе