прежали св.

прежали (св.)

Ние веќе го прежаливме јадењето, како да ни вели, уште кога ве видовме, го прежаливме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој мене конечно ме прежале уште успеа да ме дупне кога ја делевме татковата стока.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А стопанот, виде не виде, го прежали наивното кученце на кое сѐ му даде и се заколна дека повеќе нема да прибира скитачки кучиња.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Раководител на градот го пикнале! Ќе изгниеше во затвор поради аферата во Ракитница ако не прежалев сто лири за рушвет!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Никако да го прежалат козлето на Сеген што го изеде волкот, а се плашеа и од други волци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А дуќанџиите сѐ повеќе го испитуваа за градителот и за неговиот живот и сѐ повеќе се чудеа и не можеа да прежалат што не го гледале подобро и повнимателно додека минуваше по вишеградските сокаци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако го прежали коњот, ќе ја омажи ќерка си, ќе ја симне таа тешка мака од вратот, ќе се издиши.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа никогаш нема да можам да го прежалам, ќе се задушам во сопствената продирачка прашина на вина која ќе ја носам како превез околу мојата судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се вовираме, прежалени од сите на светот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој го измислил а сите го прифатија, не дека снаата Илинка ката утро не ѝ носеше бардаче пресна вода и кивче босилек какво што таа, Трајана, секогаш имаше прикачено за шамијата над увото, туку дека жителите на Потковицата никогаш не стигнаа да ја прежалат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои дури и ме исплакале, што се вели, ме прежалиле. 3.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Веќе те прежаливме, ми велат сите одеднаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа треба да е затоа што еве уште не можам да прежалам што не смогнав на времето да га опашам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тодор исто не даваше да се чува огледало во куќата, но стрина Спасија, мајка ѝ на Руса, која беше исто убавица, не можеше да го прежали огрубувањето на ќерка си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ја прежалевте мајка ти, нели? - низ солзи ме прекори тетка ми, како да знаеше дека е тоа најболно што можеше да ми го рече.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Што да ти кажам сега: СРЕЌНА ГОДИШНИНА? Зар сме среќни, ти под земја, а јас никако да те прежалам, дење-ноќе плачам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Михајло Горачинов веќе го испуштив од умот, го прежалив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со текот на времето научив полесно да ги прежалувам губитоците.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако го прежали коњот ќе ја омажи ќерката си, ќе ја симне таа тешка мака од вратот, ќе се издиши.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе