президиум м.

президиум (м.)

Беше избран Президиум на Народното собрание кој на 16 април ја именува Првата Влада на федерална Македонија, кооптира нови членови во Народното собрание и именува членови во Федералниот суд на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Светозар Вукмановиќ на заседанието дискутирал во однос на рефератот на Президиумот на АСНОМ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Вера Ацева - домаќинка со тапија. Тапијата ја издаде и ја овери со печат презедиумот на АСНОМ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Не делам ордени“ , студено промрморе Отец Симеон. „Обрати му се на президиумот.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите говорници и дискутанти во однос на рефератот на Президиумот на АСНОМ: Методија Андонов-Ченто, Едвард Кардељ, Светозар Вукмановиќ-Темпо и другите, со целиот свој жар, ја манифестирале приврзаноста на Македонија кон југословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)