презира несв.

презира (несв.)

Значи, во XIV век Македонците официјално го носеа името Срби, коешто немаше зошто да го презираат и да се лутат на него. Во тоа име тие не наоѓаат ништо лошо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени, особено тој дел од нив што им причини најголеми непријатности и се наоѓаше во турско време под нивната заштита, тие го презираа и го наречуваа со презреното за нив име „Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И никој поради тоа не ги осудуваше, не ги презираше и не ги земаше на подбив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И покрај сета бесмртност трошка леб молам ('Лебот се гледа со очи!') еден добар, една добра, едно добро за душа на оној кој ја презира златната средина оној кој се чувствува удобно во сопствената природа и лебди леко, глатко глето клепка врз клепка - лебедова свила по рабовите на смртното случајно жив фанатично осамен благодарение на предрасудите за природното и вештата заблуда дека живее во заедница а не сам, самотен!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога оние што ги затвораше му зборуваа за Исус, го мразеше и ги презираше што следат човек кој ги учи дека треба да им се спротивстават на учителите, да бидат непослушни кон рабините и да се бунтуваат по синагогите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Та каков е овој живот, празен и тажен, ладен и безвреден, како празен предмет врз мене лага блуе, се мразам, се презирам, што самата себе си се газам.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Очите сѐ уште му прелетуваа од лице до лице, повиновни од секогаш, како да се обидуваат да откријат колку другите го презираат поради неговото понижување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немал два живота; сепак дење го презирале, ноќе му се восхитувале со морничавост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поарно е да жалат по тебе одошто да те презираат и да те мразат”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Си беше еднаш еднаш едно убаво русокосо девојченце кое живееше блиску до шумата“, почна да чита мајката, како суптилен вовед во успивањето, кое тој го презираше.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Ме презира, бедник - беше лут на своето неспретно тело, но бесот лесно го прекри со насмевка – Би го погледал Градот оттука!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Па сепак, иако на моменти ја мразиме, дури и презираме, и најпримамливите понуди за нејзиното отуѓување спремно ги одбиваме“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Константин З , кој го презира и Скопје и Битола, и сите градови на новите предели, за оваа касаба, лесна за техничка обработка, има поеднакво и неподелено мислење, па го гледа командантот со празен поглед, технички заблагодарувајќи му се на предварителната покана што брзо ја запрета и ја отфрли меѓу неважните податоци во свеста. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Арсо е способен да го види тоа, да го замрази и да го презира длабоко во себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
10. Елитизмот е типичен аспект на секоја реакционарна идеологија, доколку во основа е аристократски, а аристократскиот и милитаристичкиот елитизам имаат една сурово обележје - презирање на послабите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Отфрлајќи ги сите побарувања на семејната божемна невиност и капејќи се во дречлива, неприродна неблагодарност, таа си го виори чувството на надмоќ пред конвенционалните буржоаски канони на моралноста, нормалноста и природноста. ‌Такво чувство на надмоќ над здодевните, нормални луѓе одамна се забележува (се слави или се презира) како одлика на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во него има нешто болно што ја брише меѓата меѓу љубовта и омразата. Го жалам и го презирам овој човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе