прекинувач м.

прекинувач (м.)

Во електричната инсталација знам еден таков дефект што вечер кога ќе се шкрапне било кој прекинувач, кога некој каде и да е ќе ја вклучи струјата, ќе се предизвика таков куршлус од кој куќата цела ќе пламне како кога се пали автомобил и никој жив нема да остане.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Светлото ќе биде изгаснато од главниот прекинувач во дваесет и три и триесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја заклучува со катанец, ја пали со прекинувач за ноќна ламба.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Застана, се сврте и притисна еден прекинувач на ѕидот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сега е моментот својот внатрешен прекинувач да го вклучите на максимум сила”, им зборуваше на луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Допрев еден прекинувач; пеењето и нишањето престанаа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој чекаше со раката врз прекинувачот што го контролираше телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А можеби нечујно да ја отвори сопствената врата, да го напипа прекинувачот и да го разбие со еден очајнички удар?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)