прекор (м.)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Прекорот беше речиси неусетно упатен кон мајка ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И додека нѐ трупаат двата по патиштата на чадот на крајот од тревите ме следи прекорот на жилките со мирисот на липата околу куќата и летото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Спомнав некои моменти од заминувањето на мајка ми кон планината што можеби нѐ приближуваат кон нејзината патека на вистината, но сепак никогаш не сфатив кон кого беше упатен оној нејзин прекор, (за грдотиите и убавините на животот) и тоа изречен толку отсутно, без секаква врска со претходните размисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да, ти си истиот оној кој за своите дела ја заслужи пофалбата и довербата на овој несреќен народ, но денеска ти си дезертер, ти си предавник што заслужува само прекор и казна!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, ја фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови ја исполнија целата просторија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Колегите го гледаа со прекор. Навистина не можеше да разбере зошто.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Конечно десет дена без стеги и синџири. Без прекори и повишени тонови. Конечно десет дена зад портите на рајот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Фоте ја погледна со прекор, подготвен да ѝ одговори штом ќе насети дека алудира на него и на неговата некогашна улога во логорот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Истрелот одекна со кристален ѕвекот, како сета ноќ да потрепере со соодветен прекор по своите безбројни, невидливи, полилеи, а после се разнесе во осетливото ехо, многу слично на онаа гладна волчја песна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Толкава сила некогаш може да има соодветен прекор!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со прекор во гласот ми вели дека сум премногу критичен спрема себеси, дека ги бројам само промашените пенали, дека ги потценувам сопствените чекори, дека плукам на сето она што сум го правел во стариот крај, дека заборавам дека имам потпишан договор за својот прв холивудски филм, дека умеам да бидам патетичен, да се сожалувам, да уживам во сопствената меланхолија...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Или зашто џамијата одамна почна да му се гради и наскоро ќе беше готова, а нему во сон му се чинеше дека ги слуша клетвите на каурите, или прекорите на Влаинката и стариот Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се борам да бидам закулник и да не го гледам. Зашто немил ми е прекорот во неговите очи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пресмета дека освен добронамерниот прекор на татко му, казната ќе биде никаква, а добивката - сигурна...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Чудни се децата, дали воопшто некогаш ги забораваат казнувањата или крутите зборови на прекор и наредбите?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)