премиер (м.)

Другата половина го чекаше премиерот за да го сторат истото.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Според угледот кај премиерот или според рејтингот кај барменот?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Лудиот премиер повторно го демолирал својот кабинет - ќе стои на третата страница од дневните весници...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Турската армија однесе решавачка битка врз грчката армија која беше длабоко навлезена во Централна Анадолија, благодарејќи на политичката и материјална поддршка на англискиот премиер Џорџ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На некој начин, си помисли додека си дотураше нова чаша со виски, длабоко го сожалуваше премиерот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овие разговори се совпаднале и со упатената порака од британскиот премиер Винстон Черчил до претседателот на Владата, Драгиша Цветковиќ, во која се нагласувало дека Черчил е уверен во конечниот пораз на силите на Оската, а исто така дека и распаѓањето на Кралството Југославија ќе биде неминовно доколку тоа тргне по патот на Романија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Татко, од пред половина век, по враќањето од Цариград во Поградец, по конечната разделба со земјата на неговата мајка од турско потекло, (прва братучеда на Али Фети Окјар, роден во Прилеп, близок пријател на Мустафа Ќемал Ататурк, прв премиер на Република Турција), на кои можеше да се надоврзе целото семејство, по­веќе никогаш не можеше да се смири, означен од генот на заминувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа решив да направам мала анкета: На прашањето кој е премиер на Канада, пет души ми одговорија различно, а другите пет немаа појма.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
27 ноември 2009 во с. Винени, делот на Македонија во рамките на Грција премиерите на Албанија Сали Бериша, на Грција Јоргос Папандреу и на Македонија Никола Груевски донесоа Декларација со која се заложуваат за понатамошно унапредување на соработката меѓу трите земји во областа на животната средина.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сите надежи на баба, за заминување на семејството во Турција и тамошен прифат, почиваа врз моќта на нејзиниот прв братучед Али Фетхи, по мајкина линија, кој по завршената воена гимназија во Битола (со Мустафа Кемал, негов најблизок, доживотен пријател) и Воената академија станува воено аташе во Франција (1911), потоа амбасадор во Софија (1913), крај Мустафа Кемал кој е воен преставник на Османската империја, потоа премиер на Република Турција, кога Мустафа Кемал станува претседател на Турската република, па потоа амбасадор во Франција, амбасадор на Турција во Велика Британија, па Претседател на Парламентот на Турција, Претседател на првата Либерална партија (1930), во обидот да се организира мултипартиски систем во новата Република.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Моето делумно турско потекло, по бабата Хазбије анм, прва братучеда на Али Фетхи Окјар, некогашниот Ататурков премиер и амбасадор на Република Турција во Франција и Велика Британија, беа дополнителна причина за нашите блиски односи, како и почитта кон Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко над својата маса држеше една голема врамена фотографија на својот вујко од времето кога беше премиер на Турција, со негова посвета.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доколку премиерот Пуриќ „се спротивставува на напорите да се постигне спогодба со маршалот Тито..., Британската влада, потпомогната од Русија и можеби од САД, ќе ѝ стави до знаење дека нема да продолжи да ја признава Владата на Пуриќ во овој состав“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Премиерот, пак, веруваше дека некој нешто му должи затоа што тој дал, но притоа заборави дека тогаш кога му барале, самиот за возврат не побарал ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По неуспехот да воспостават контакт со четничкиот штаб во Поречито, а тоа до средината на 1943 година било во рамките на официјалната британските политика за помагање на четниците на Дража Михаиловиќ и игнорирање на единиците на НОВ и ПО на Македонија, од септември 1943 година настапила промена на таа политика, главно поради пристигнувањето во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија на британскиот офицер, бригадирот Фицрој Меклин, личен пријател на британскиот премиер Винстон Черчил.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Лондон Тито беше примен од Кралицата Елизабета II и од премиерот Винстон Черчил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не верувам дека тоа би можело да биде премиерот Мохамед Мзали или министерот Бен Сајах, кој се држи понастрана, наводно како американски човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се надева дека премиерот Логотетопулос ќе му помогне.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не се оствари надежта на еден на основоположниците на новата Република Турција Али Фети Беј Окјар, соучесник и пријател на Мустафа Кемал Ататурк од Воената гимназија во Битола, негов прв премиер и верен пријател до крајот на животот, Татко, неговиот внук, нов кадија и на шеријатот и на модерното европско право, да го започне искачувањето кон врвовите на новата владетелска хиерархија во нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бидејќи во тој момент британскиот премиер Винстон Черчил се наоѓал во Италија, на 20 август 1944 година, Форин офис упатил телеграма до министерот- резидент на Централниот Медитеран во Казерта, Макмилан, во која му се давале инструкции како да постапи доколку Черчил реши да одговори на телеграмата од АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Повеќе