препродаде св.

препродаде (св.)

Нему раката му се лепи за туѓото, ама нему хоби му е алашверишот – и ќе украде и ќе купи само и само да препродаде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Овие археолошки антиквитети се препродавани на аукциите, заштитени од вооружени чувари во подрумските галерии или во палатите на богатите колекционери.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Црниот пазар зема сѐ поголем замав; дрогата од Лондон се шверцува во останатите земји и се препродава по многу повисоки цени , се разбира таму каде што е нелегална.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па сега имаше и свое дуќанче: препродаваше делкани работи. Од едни купи, на други продај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Филозофот продолжи со преподавање на чудната ука, рече: „Знаењето слично на светлината природна е, а сесрдната вера е слична на топлината природна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога слушнале отците што ме нашле дека дете половингодишно знае најразчични собитија да преподава, и дека тие собитија корен немаат во стварноста, туку се дрво во воздух, измислица чиста, ме нарекле Сказник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така и мравата. Така и човекот. Така и јас, човекот-мрава, со цел лукава, ниска, недостојна што бев; јас, мрава што ви го преподавам ова сочинение Вам, кои доаѓате на лицето на земјата по мене и застанувате пред лицето на Господа, како јас што стоев и не достојав, оти Он ме изгони од пред лицето Негово.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа ги користела транзитните патници. Шверцуваната стока ја препродавала и така печалела пари и добро живеела без труд и мака.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така станав Сказник, оти најдобро од сите овде ја знам уката на преподавањето сказни, уката на скажувањето и мечтаењето, која на одлагање се светува, оти сето задоволство човечко, вклучително и задоволството од слушањето или кажувањето сказанија, е во одлагањето на задоволувањето, оти по задоволувањето на потребата, страста во душата гасне како свеќа кога ќе догори во свешник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како и во секоја темнина, се наоѓаа и неканети гости кои крадеа од највкусните вина за потоа да ги препродаваат на белосветските пазари.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Па и преподавањето сказанија, собитија и истории, зарем не е траење на мрежа совршена, во која секоја нишка, секој конец треба да дојде на своето место кога времето ќе стигне за тоа, кога јазлите ќе се заврзат, и зарем и тие, сказанијата, не се ненужни и непостојани вселени?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)