прерасне св.

прерасне (св.)

Од баталјон прераснавме во бригада.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пораст на сочувство кое ќе прерасне во надминување на ситните замерки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во повоената декада, во тоа место живееја три илјади жители, но многу бргу прерасна во општина со петнаесет илјади жители.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За неа, верувањето во Бога прераснуваше во голем чин на храброст да се спасуваат чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но токму сознанието за стореното, прераснуваше во чудовиште што бесрамно му се ругаше штом ќе ги затвореше очите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така, за неа, бекташката одредба според која Бог е таму каде што повикува добрината, прерасна во верување дека Севишниот ѝ го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Егоизмот прерасна во колективна болест.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одвратноста кон алкохолот сега прерасна во чувство на болка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Токму тоа го изнесе на видело македонскиот „национален сепаратизам”, од кое после произлезе и образувањето на „Комитетот за придобивање на политичките права на Македонија дадени од Берлинскиот договор“ во Солун (1893) што прерасна во моќната ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ваквото дружење подоцна прерасна во еден вид живеење или поточно игра, како што реков веќе, во која не вложував ништо а таа сепак ми ја поттикнуваше самодовербата и ги збогатуваше доживувањата што ми недостигаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Јазот од детството прераснал во опасна река, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со премин од политеистичко во монотеистичко општество ваквиот однос прераснува во менаж-а-троа, па под крзното од опосум се вгнездува по еден шаман, поп, рабин, оџа или тибетски лама, којшто кажувал што смее и што не смее.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во случај на криза на бракот љубовта се претвора у психологија, филозофија и секако познавање јазик, а ако искочи некој швалер или швалерка у бракот, тогаш љубовта ти прераснуе у дипломатија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со секојдневното закатанчување пред компјутер и телевизор човекот се оддалечи од она што се вика живот и прерасна у програмиран информационен робот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Реалноста во мојата земја, која се распаѓаше и исчезнуваше, ја прерасна и најзлокобната фантазија, ги избриша границите помеѓу постоечките и непостоечки светови, и јас повторно се најдов од онаа страна - врз некое друго огледало.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Маката прераснуваше во гнев и омраза...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
5. Една најобична и безбојна светлосна нишка, еден танок и бел месечев конец предизвика неочекувано ПОБУНА ВО НОЈОВИОТ КОВЧЕГ Тоа почна како да нараснува црн влакнест облак, почна заради несоницата на жителот број 6, почна несфатливо некако околу полноќ, отпрвин без шум и без движење, полека за да прерасне од ситен и упорен дожд во проклет порој...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Инженерот Декостер сметаше дека неговата мисија ќе прерасне во парадигма во регионот, зашто Македонија ја сметаше за мирна земја, која го избегна големиот конфликt по братоубиствените војни на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе