пресреќен (прид.)
Ако болеста е случување кое ни е непријатно како спомените што не можеме да ги промениме, пресреќно заклучив дека сум болна.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Во тој момент тоа беше пресреќно.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Насобрани околу некој постар чичко во кафеав костум кој што пресреќно се смее.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Другарите се пресреќни кога ќе ме видат со шубара: таа ти е, лебами, добра и од фудбал: се качува на прстите и фучи низ воздухот како надуена машина.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Дечињата беа пресреќни. Нивната радост се излеваше преку гласната смеа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Човечето се чинеше пресреќно поради упатеноста во тајните на сезоните и на нивните бои.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тука е и инженерот Александар, повоздржан е, таков му е карактерот, но пресреќен е што се нашол во средината и во настан за кој никогаш не помислувал дека може да се случи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој беше пресреќен, а јас слатко се најадов.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Не, не, биди си без грижа, малечок - рече пресреќен, како повторно роден, видов, во очите му беше целото видело од небото, нешто силно, големо имаше во себе, се колнам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Потоа луѓето со завист го гледале пресреќниот Доце Срменков кога отишол да се проубави со чиста кошула позната по многуте везови од дните на неговата младост кога Фиданка Кукникова се тркалала со своите врснички в прав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се пишуваше за работникот кој станува во рани зори, и кој, според духот на народната уметност – пресреќен заминува во фабриката за да го даде својот труд, себеси да се даде за – општо добро, се пишуваа оди и фалбоспеви, итн., итн.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја беше добила премијата. Беше пресреќна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Потоа, пресреќен и радосен, притрча да нѐ гушне. Притрчавме и ние...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Не беше пресреќна ни со тие понуди, зашто сакаше да се вратат онаму кајшто припаѓаат, во Галиција, во Полска, во Германија или во Австрија, а им се случуваше спротивното: како семејство сѐ подлабоко навлегуваа во Ориентот, кој – си мислеше Гита Корец во бессоните солунски ноќи - него можеби го влечеше поради традициите што му се допаѓаа на салонскиот ционист во него, но и на сѐ повидливиот, автократски дел од неговата личност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Логотетот не им придаде значење на дребулиите по кои се разликуваа двата записа; беше пресреќен што се потврди дека записот е решен, оти двајца го беа прочитале исто, и оти проклетството засекогаш беше тргнато на страна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Гури Порадеци беше пресреќен, на кормилото, што ја минавме границата и, според предвидувањата, навреме и безбедно стигнувавме со чунот кон нашата поинаква иднина, станувајќи, за толку кусо време, емигранти на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Е, кога Голем Тодор и тајфата музичари и песнопојци ја испеале првата песна под прозорецот на Рајна, пресреќна таа и на чардакот ги поканила, ги нагостила, па дури и новите чевли си ги клала и прошетала на топуци пред нив.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Првото утро кога ја поминував охридската чаршија бев пресреќна.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Благица беше пресреќна дека врапчето се навикна со нив, како тука да е израснато.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)