престегне св.

престегне (св.)

Беше маѓепсан и загледан, останувајќи свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак, чиешто превиткување го престегна како исквасен ремен и го згрчи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леле, кошулата везена и половинчето со ѕуница престегнато.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Небаре нозете му беа сковани во окови, а срцето со свилен гајтан престегнато.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаше престегнати очи, речиси собрани во трепките, истечени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги престегна добро своите обувала, ја зеде пушката, и застана на вратата, со она желба на секој пред тргнување да се прости со нешто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го прежилуваше цврстиот тенок појас со немилосрдна жестокост во престегнувањето, не водејќи сметка за болката, исто како да го правеше тоа со некој друг, што го разгневил.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Расправа едни будалски... Кочо се загледа во неа. Беше убава - танка, престегната со утаре.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Една морница, што го престегна по целиот граден кош му го истера сиот здив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше само еден миг на таа пребликната сончевина, престегнат и бодар. Така замина, без да се обѕрнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој ми се придружи, црн и исфудулен, излокан под лажичката како да е престегнат со ременот или пак умрен од глад.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)