претпоследен прид.

претпоследен (прид.)

Беше вратен од клучната претпоследна мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така беше... а тој ден беше претпоследниот ден на ноевмри и утредента падна снег и фати голем студ...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најчесто се на крајот на возот, последниот или претпоследниот вагон, рече и седна на шанкот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше крај на август, претпоследниот ден од училишниот распуст.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Камилски не склопи око ниту за миг од претпоследната ноќ од својот престој во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На деветти јуни, предпоследниот училишен ден, наставничката Трпана, на часот по македонски, ни рече да напишеме состав на слободна тема. Јас пишував за мојата мајка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На фискултура претпоследен се редам. По мене е само Дракче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некаде, на последната или претпоследната полјанка, пред да се спуштат во Заветна, Бојан застана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Јас не сакам да седам во оваа клупа! - рипна од претпоследниот ред Панче Василевски.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мајка Ервехе сигурно не стравуваше од претпоследната епизода, туку секогаш од последната, најнеизвесната, присутна само во Татковата имагинација.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше мојата претпоследна средба со Арафат во Тунис и со високите палестински раководители кои подоцна стануваат и негови наследници...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во прочуениот претпоследен став од Tractatus-от Витгенштајн признава дека неговите сопствени зборови се бесмислени. 7.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)