претресе св.

претресе (св.)

Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И почнаа карабинерите да ги претресуваат селата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја претресувам 105. бригада, и јас не знам што ми дојде така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Посебно задоволство ми претставуваше да ги претресувам фиоките од креденецот и во нив да изнаоѓам веќе одамна неупотребувани разни предмети.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не остана куќа во која не влезе да ја претресе до корен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Последно време не ме претресуваше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сега ги претресуваа тие згоди со свои смешки и забелешки, додека гурелавите селски кученца се наттрчуваа пред нив и се грвалеа во правта.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За таа работа ги собраа селаните од сите мариовски села и небарем срни бркаат, почна претресувањето на густите борови гори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој, којшто ќе влезеше во градот, тие го претресуваа да не носи контрабанден тутун.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Стражарот кој старжарел на портата на касарната, бугарски часовој, кога дошол за да ја претресе колата, која ја видел бомбата, се исплашил силно и трипати едноподруго пукнал во воздух.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На крај градот, истите стражари - италијански војници, го запреа. Го претресоа и измешаа во солта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дури таа претресуваше и одеше од местото, каде што беше заробен пленикот на запад, Гоце со пленикот беше на исток.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Двапати беше нападнат од заседа, божем од разбојници, и темелно претресен под мој личен надзор.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со цевката му дадоа знак да ги крене рацете нагоре: го претресуваа по џебовите од пантолоните и гуната, а потоа и по телото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Одамна те следат? Мислам тука ти имаш цел гардиски центар... зарем никогаш не ти ја претресувале куќата? - Не никогаш. По тоа прашање си спијам раат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Секој, кој ќе влезеше или ќе излеше од градот, беше прегледуван и претресуван.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Денес тие дебели капиталисти не се стеснуваат да тврдат дека било насилство и грев претресувањето на нивните визби и килери, а додека се богатеа…“ се перчеше тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе