претрча св.

претрча (св.)

На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
По неа секој час претрчуваа бригадирци со полни количиња земја, ја исфрлуваа зад насипот од другата страна на реката и бргу се враќаа по друг исто таков мост на стотици метра подолу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И продолжуваше така да претрчува меѓу стеблата и пак да завива на следната височинка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првин се појави едно мало глувче и ја претрча собата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја претрчавме улицата и тревникот кон нашата зграда, се втурнавме во влезот и малку наврнати втасавме пред вратата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се тргаме за раце и претрчуваме преку уличките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По подот одвреме навреме претрчуваше по некој стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И како ништо друго да не беше живот освен меко претрчување на невидлив стаорец и некаков шум на ноќна птица врз покривот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Покрај мене претрчуваат војници и викаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стоиме на работ од една чистинка, а треба и таа да се помине, да се претрча.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така задуман, или одвеан, еден ден забележав како претрча или прелета од едното во другото ќоше на одајчето, од едниот во другиот агол на окото, мало, црно глувче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гледам врткало зајачето околу нив, грицкало изгледа млади гранчиња, потоа претрчувало до други смреки па кружело и околу нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Брзам! Ја подигам гилотината... Имам токму само време да ја видам како претрчува на крајот на слепата уличка...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута. Со грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ех, бре, Коцо, Коцо, зарем не можеше да претрчаш побрзо?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги претрчувам улиците. Ја буткам капијата од дворот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
ЛУКОВ: Вие не грижете се. Вашата работа ќе биде само да ја претрчате далечината од местото на атентатот до пунктот каде што ќе Ве чека мојот човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Претрчај до вратата на магазинот. Оној таму ќе мора да го убиеш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Јас ќе претрчам до Иван... Имам нешто работа. Ти прибери го добитокот, измолзи ја кравата, надој го телето... И да не одиш нигде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе