претставител (м.)
Ние, јас и Костадин Дамчески, вели погледнувајќи во Васила кој ги донесе камењата и сега држејќи ги в раце стои над него, планиравме оваа година таму, во Стамбол, да испратиме наши претставители и тие да му го предадат планов и писмото лично на султанот, но прилепските првенци нѐ советуваа да не го правиме тоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ние прилепчани многу добро го знаеме, порано како четник и ајдут, сега како грабач на туѓи имоти и „народен претставител“.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како таков бил биран во црквен на управи, бил избиран и за аза, одборник при кајмаканот, како претставител на христијаните во Куманово и околијата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Јузбашијата, уште не седнат убаво, го дочитуваше краткото, но јасно писмо од кајмакамот, кое со својата содржина ги вознемири претставителите на султанот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оваа девојка е и надворешно, по своето држење, нивни типичен претставител: таа е убаво сосредоточена и кога ѝ се обраќаат, укажувајќи на некоја суптилност во сликата, таа сериозно и со разбирање
потврдува со глава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)