претчувство ср.

претчувство (ср.)

Бавно, но постојано венееше и тоа сознание всели страв во мојата душа, едно претчувство на загуба, која би можела да биде неминовна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Белата птица тажната птица прелета со претчувство на смрт.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таму каде што таа симбиоза може да се насети како далечно претчувство, таа не произлегува од формалната проткаеност на наративното со поетско и обратно, туку токму од непомирливата различност на тие два прозно-поетски света кои помеѓу себе разменуваат тајни знаци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му се ежави кожата од непријатното претчувство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пено на ледениот здив На змијата под каменот со претчувство на трпкиот сјај од сончевата трпеза на летото Пено на древниот вруток.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сиот тој ден, со мали напливи на возбуда, мислата му се враќаше на претчувството за стравотниот пораз во Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имам чудни претчувства. И мислам дека ќе ми биде потребна вашата помош.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Неговите претчувства како да се исполнуваа. Таму, сталинизмот се накалеми врз погодна почва.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Свикнат да се препушта на своите претчувства, тој цела ноќ око не заклопи: божем некој јорганџија без престан дрндаше памук покрај неговото лево уво, додека десното свесно се расправаше со реалните гласови на Блатието, со криците на чапјите и со шлапкањето на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лошо претчувство внесе во неговите мисли тоа ноќно биење на камбаната. - На умрено бие - рече и забрзано зачекори.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Некако имам претчувство за надоместок од отсуство на татко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во доцните часови заѕвони телефонот. Изостреното претчувство ѝ кажуваше дека ваков абер толку доцна не доаѓа за арно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некакво грозно претчувство, страв од нешто за што не беше сигурен што е, помина низ телото на Винстон штом го здогледа кафезот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Расфрлени од ветар и од претчувства дека ќе се случи нешто големо и незаборавно, нешто што ќе е важен дел во историјата на животот и на светот, на небото плачеа жерави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше некакво претчувство како онаа долинка отаде да беше полна, нешто слично како кога се држи в рака полн орев, а знаеше дека тоа претчувство не му е потребно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фатија да нѐ обземат севозможни мисли, претчувства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А еве, сега, речиси по половина ден од онаа леснотија со која бев исполнета, преполна сум со страв, со лоши претчувства, иако божем сум насмеана!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе