прецрта (св.)
Ја отворив старата сликовница и го прецртав од неа еленот.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Се нашла некоја рака да го прецрта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Моето дете е пак прецртано на списокот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Застана само малку, потоа го прецрта и првиот дел од печатот со своето име. Остана само девизата: Молчењето е сигурност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Другите, едноставно ги прецртуваа моите дрсканици.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
— Немам ништо, велам, пак му го прецртале името.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Употреба на голема и на мала почетна буква. . . . . . . 37 (Симона Груевска-Маџоска, Симон Сазɡов, Живко Цветковски) Голема буква на почеток на реченица. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)