преѓа ж.

преѓа (ж.)

По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Болката во месото на неговите пет вретена предеше црвени кончиња. Крвавата преѓа се затегнуваше и прскаше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Душата твоја во тој миг мека стана како преѓа во која се сопре отровната стрела, се успокои, оти стрелите на зависта ништо не му можат на мекото, кое ги умртвува, а од тврдите, камени ѕидови на суетата се одбиваат како од тврдина, но во нив оставаат дупки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Преѓата крваво распнуваше врели нишки во петте болни прсти, темната дамка врз превивката стануваше поширока.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
19. СИТЕ ДЕВОЈКИ ДОБРИ СЕ, НО ВО ЗЛИ СЕ ЖЕНИ КОТАТ - од памтивек таква преѓа на седенките се преде.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тој рече да почекам и се упати кон жената- пајак, која по вторпат беше паднала во својата мрежа и во неа се прпелкаше обидувајќи се да застане на нозе и да излезе од густата преѓа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Фаќајќи го, мачорот се превртуваше и се свиткуваше по тревникот заедно со глушецот, постојано држејќи го помеѓу муцката и шепите, како да беше неодмотано клопче преѓа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Маглата како парталава вештерка ни ги фрли в лице своите отровни преѓи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Утрата се будеа во нова сончева преѓа, а ноќите нудеа лулашка спокој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се обиде да објасни со тихо сознавање дека нишката на една увереност се затегнува како слаба преѓа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Но можеби во ваквата активност вашата служба е заобиколена. Јас само врзувам искинатата преѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во нивните прстенца имаше клопчиња од бела преѓа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чаршијата се тресеше од тељаљите што ја објавуваа веста, калдрмата стана лизгава од расфрланите аспри ковани во Кратово, вратите на апсаната се отворија и пуштените се нафрлија врз ситнежот да зобаат како пилци, а Бошко си ги најде жената и децата дури во Бојаџиската чаршија, стуткани зад едни црвени преѓи што се цедеа на ченгел од крвавата боја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Над нив летаат лилјаци и оставаат зад себе тенка преѓа на писок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И потем кажа: со врвовите од прстите поминал по записот-клопче; и не прочитал ништо ново; во центарот на клопчето, во средето на преѓата ја прочитал буквата Ж, во жена престорена, насликана од незнајниот сочинител на таа одаја; лево од неа го прочитал записот познат: Јас, царот Соломон, велам: Чашо моја, чашо моја, пророкувај додека има ѕвезди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А Филозофот, небаре ги чита мислите мои како книга отворена, ме погледна и продолжи: „Не се само најдебелите конци важни; по нив одат само слепите и горделивите; преѓата ја сочинуваат токму ситните нишки, најтенките и најфините, оти само ситната преѓа е преѓа, а крупната клопче ортоми; тенките нишки, они на границата од видливоста се азното на словата, оти само тие сведочат за невидливото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И само ако се пофати правиот конец, таа преѓа ќе се расплете и ќе се ослободи заробениот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се распара плетивото. Од преѓата што мене ми припадна, како мој дел од наследството, си сплетов волшебен килим во три бои.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа бавно ги поткрена очите од чорапата што ја плетеше со пет игли и со конецот на вратот додека клопецот со преѓа шеташе по војничката чинија од алуминиум.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, за време на животот ние не знаеме кој е тој конец вистински, оти има многу, оти преѓата е клопче, а ткаенината – клопче со ум распоредено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)