приближи св.

приближи (св.)

Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој ѝ се приближи и се ракуваа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега најбитно е да се задоволат моменталните желби на оние што ја читаат приказнава: што се носи белиот светски патник Дедо Мраз за чие приближување до човековиот свет не трубат само немите и неродените.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ех, - рече Методија, земајќи столче и приближувајќи се кон огништето да седне до огнот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Детето се приближи до колибата со мачешки стапки, се заслуша во ноќта да не би да допира некаков шум и бргу да се изгуби во неа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се приближи поблиску и виде дека човекот, потемнет од сонцето, се наведнува надолу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И едно се приближил пред нив, им се поклонил со рацете на градите и ја наведил главата пред нив без да им рече добровечер.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со фашата в раце, му се приближи на Шишмана, му ја натопори: - Држи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Приближало времето пак за кај нас да идат штрковите и тогај веќе Силјан беше се сторил мукает, та беше нашол едно малечко црпче и си го наполнил со од човечката вода и го врзал на гуша кога дошол денот за да кинисаат за кај нас да идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Излегол од зад шипјето и тргнал кај луѓето да оди со прекрстени раце и со солзи на очите, се приближувал кај нив.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога се приближи, се најде пред голема тешка порта со вратниче на едната пола широко колку човек да се протне низ него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Морав да бидам многу внимателен, да ги избегнам теориите на деконструкција, зашто тие не се од помош при разјаснување на проблемите што можат да го приближат техничкиот свет до јавноста и до умните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се приближи до селото. Прв пат доаѓање дома по осум месеци...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Тоа е патот по кој можеме да се приближиме до вистината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Некако чувствуваше дека нема образ да му се приближи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Внимателно излезе од одајата, слезе по скалите уште повнимателно и низ дворот молкома се приближи до портата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе