приврзан (прид.)

И покрај сѐ, осеќам дека уште сме приврзани од заедничката судбина на победени и навредени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Протагонистите се приврзани на низа својствени вредности на еден клан („Сѐ додека нашиот татко беше уште во живот, семејството за нас беше истовремено и држава, и нација, и вера.”) ѝ припаѓаат на идеологијата која го одржуваше култот на една неверојатна монструозна хипостаза на божеството: Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во сите овие три земји, колку и да сакаат да свират на пијано во Европа, остануваат прврзани на планинските кавали.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ми е многу приврзана за мачката и толку.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако го слушаме мнозинството српски публицисти, сите овие Словени и се приврзани на српската националност...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ексцесивни се и многу приврзани за семејството, а пристрасни кон децата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Иако бев многу приврзана кон тетка Рајна и многу ѝ должевме, во тој момент како да ја отсакав.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога односите во семејството веќе не се складни, имаме приврзани деца и посветени родители.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Доколку таа слобода секогаш ⥊ останува приврзана на вистината и доколку ⥊ служи на љубовта кон ближниот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но до крајот на животот на чудесен и величествен начин остана приврзана кон францускиот јазик и книжевност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А таа, како родена повторно, не можеше да си прости што толку време му била верна и приврзана на слепиот маж не гледајќи дека животот и младоста ѝ бегаа и дека се ронат низ прстите годините преправајќи се дека сето тоа таа нормално го прима и доживува, прилагодувајќи ѝ се на судбината да живее со слеп маж и молејќи му се на бога да му го врати видот, да им го врати оној среќен живот што го имаа пред неговото ослепување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)