приграби св.

приграби (св.)

Мајка ѝ ја втасува и ја приграбува околу нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Натпревар кој ќе приграби што повеќе!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Идејата дека која било група може да посака да ја приграби доминацијата, контролата, власта, надмоќта над другите, е примитивна перверзија - дегутантна и застарена колку и ропството или канибализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред да ги приграбат други, јас ги прибрав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да избегаш, најпосле, од сите оние луѓе, што крадат, што се надлажуваат еден со друг и што се мачат да приграбат што повеќе, за себе како во животов да не постоеше ништо друго, освен тоа приграбување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но многу подлабоко од тоа лежи првобитниот мотив, оној инстинкт во кој никогаш не се сомневало, а кој прво доведе до приграбување на власта, а потоа ги донесе двомислата, Полицијата на мислите, постојаната војна и сите други неопходни приврзоци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги приграби жените како две половинки од една лубеница и продолжи да им го толкува она што му го предложи на докторот како споредба на кураторот со карбуратор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јаничарите дефилирале по градските улици носејќи ги тепсиите и по враќањето од султанската палата, тепсиите се поставувале на земја и следел невиден метеж и мала битка за да се приграби што повеќе баклава!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)