призвук м.

призвук (м.)

Но во искажувањата од овој вид не е содржан подигнат тон а не е присутен ни призвук на незадоволство а уште помалку навестување на побуна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Божем откриваше тајни што не треба никој да ги знае, говореше тивко со крајно поверлив призвук во гласот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го слушам јас тој молк твој што коле, тие нежни раце твои што ме угушуваат в раце ги чувам и чинам тих некој призвук тивја в мене да ме успие на твојата снага на твоето голо тело.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
На сериозноста на започнатата тема настојуваше да ѝ даде ноншалантен и шеговит призвук.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тоа, а и од некоја синикавост, што ја фрлаше пред себе уште далечниот ден, која сѐ уште остануваше неодредена, но не можеше да биде незабележана, стануваше уште пораскошен и со уште повеќе дипли златниот вез на ноќта во дрвјата, над кои сѐ уште ѕвечеше со своите златни прапорци смирената месечина со некаков проштален, тажен призвук.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Задникот е оној дел од телото каде што, според Кабала-та, престојува бесмртноста, и чија што дури и световна конотација задржала извесен призвук на светост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога ме забележаа ми упатија поздрави, со ироничен призвук.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И со таков призвук на смешка заврши неговиот допис.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се исплашуваше кога ќе увидеше дека нејзиниот глас понекогаш звучеше крекаво, или пак имаше призвук на нетрпение.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Носталгичен призвук мантилот за дожд стекна кон крајот на педесетите во филмот Казабланка, како особен знак на машкиот карактер на големата ѕвезда Хемфри Богарт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така, романот станува широко епско платно со многу епистеми кои ги даваат есеистичкиот призвук на романот, неговата интелектуална полифонија и неговото мисловно, духовно и културно богатство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кажувај, - ми нареди строго и со значаен призвук во гласот, како што им доликува на мажите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие го имаат токму тој призвук на невистинитост, но всушност се многу вистинити и тоа е она што е најстрашно. К: Повремено помислувам пак да ги засукам ракавите и пак да станам оптимист и да се обидам да направам нешто, но ситуацијата постојано ме тера да се занимавам со музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Разни состави, дојдени од далеку, пееле носталгични тоскиски полифонски песни, со тивок призвук на меланхолија, за настани од минатото, во кои биле вмешани видни личности, јунаци од семејството, посебно легендарниот херој Суљ-Старова.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во сматената свест буквите на Викторија се виткаа и тонеа во темната проѕирност на водата и морничавите усни, задушени од Анините гради, издивнуваат кратко, со призвук на каење и виновност. - Ана, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секој нејзин збор, па дури и замолбите кои, навистина, беа ретки, добиваа призвук на наредби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Животот без тајни имаше поинаков призвук и боја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Ама, тато“, ми прозборе тригодишното со призвук на краен презир зашто не можам да го видам очигледното, „ова е книга!“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе