приземји св.

приземји (св.)

Не сакам ваквата негова предност да му ја одземам но јас навистина не би можел да го следам во неговите чувствени акробации. Затоа и сакам да го приземјам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И така, во нивниот слеп полет со лоши инструменти, го одредуваат не само местото каде тие ќе се приземјат, туку каде ќе ги приземјат оние што не им се блиски или што не им се на очи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Убаво се слушна како се приземји и како потоа со сета сила бувна во фотелјата).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Настојувам да ги приземјам неговите размисли.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знам дека се шегуваш, ќе ѝ речев за да ја приземјам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Каков ли треба да биде типот на жена што ќе умее да го среди или поточно да го приземји необичното, дури и откачено чекорење на мојот постар брат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се мислам дека истиот е населен од многу што сакаат со позајмена статусна позиција, што би рекол Вендерс „...да летаат низ ноќта во слеп полет без инструменти, но на крајот да се приземјат таму каде што избрале да бидат.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дали појавувањето на девојката помага откачениот од гравитацијата да се приземји?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Отец Стефан полека се приземјуваше; жилата веќе не му чукаше како ровја на вратот, и почна полека да го обзема блаженство, оти стануваше збор за неговите заслуги.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Немее птицата меѓу ребрата вгнездена, Тивнеам и јас во ноќта ѕвездена, Што сум јас без птицата, што таа без мене, Двајцата замолчени, онемени, приземјени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Тој ибн Бајко, цврст и полничок, ама и сплескан како некој тежок туч уште од малена да го приземјил, малечок и нагнетен како колбас од потонот на игуменот, куцкаше од тој пусти туч секогаш со главата надесно, а со телото налево, зашто колкот му беше начнат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Одлетав удолу. Беше тоа најбрзото приземјување што може некој да го изведе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)