прикаска ж.

прикаска (ж.)

Не сум можел ни да помислам дека ќе видам елен и ќе ја доживеам оваа прекрасна и горка прикаска.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се морничавеле исплашени од многуте прикаски дека мечкиниот свршеник ќе почне да се дебели од женско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, бидејќи Французте беа добро засолнети, малку можеше да се види, но според прикаските, нивниот живот во споредба со животот на оваа страна на линијата на фронтот беше скоро оперетски.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нејзиниот шепот извира од мене и само јас и ноќта можеме да ја измислеме прикаската на еден живот. Бремена или само неколку часови леунка?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сликарот со потсмешливост се обиде конвенционално да ја заврши неговата прикаска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Впрочем оваа прикаска сепак, имаше продолжение што ќе ја исцели. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Наеднаш сите знаеја сѐ од нивниот шепот раснеше боцкава прикаска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѕидовиге на занданите темни грозни прикаски шепотат со страв.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Во секоја негова прикаска 'ртеше семе на нов настан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна некои од нас тоа и го доживееја кога по години, во една друга прикаска, го кренавме тоа знаме да ни биде челник во Илинденското востание.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога Татко беше уверен дека конечно Камилски ја завршил својата прикаска за башибозукот, тој се исправи, прошета со погледот кон наредените книги на рафтовите како вистински војници, кои само тие, двајцата, со нивното читање ќе можеше да ги прочитаат, да ги совладаат, да ги направат безопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја слушав искинатата прикаска која не можев да ја поврзам со почеток што до денес го паметам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако ѝ се поверува на последната прикаска како на неоспорна вистина, случајот со коњот што љубел вино е сосема поинаков, речиси дури и понеобичен отколку во другите раскажувања.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги вртев страниците и им се восхитував на даровитите скаски и приказки на народот, на богатите души на раскажувачите, уште повеќе на златната рака и душа на запишувачот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе