приквечерина ж.

приквечерина (ж.)

Шлаканицата на приквечерината го помодре лицето на улицата.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А набргу од некаде почна да се искрадува приквечерината. Тоа не беше темница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секоја приквечерина, сѐ повеќе набљудувачи се собираа околу дупката и ги кажуваа своите коментари, своите совети и предвидувања.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Или ќе престанеш еднаш да крадеш“, му рече еден ден на оној еден од нив, а можеби тоа му го рече тој самиот, но тоа беше безразлично, „или ќе си ја поскусиш раката со тоа твое левосување, или ќе му кажеме на Башмајсторон, да си знаеш“, додека се враќаа во приквечерината кон своите бараки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето одамна се слизнало зад запчестиот планински срт, приквечерината незабележено се довлечкала до селото, ниските куќи исплашено се стиснале до неплодната земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во приквечерјата имаше навистина многу сурфери, плажата Ваикики е вистински рај за нив.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еве таа го разбира неговиот вик и својот час, необична, таа го поведува орото во прва приквечерина, кога е сонцето зајдено и иде темнината.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Приквечерина е. Костадин сам и замислен, седи на миндерот со глава потпрена на прозорецот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сиво небо по кое се развласило потемно и посветло сивило во вид на развлечени облаци во приквечерина по бессончев ден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во приквечерината на овој непроменлив декор од агли и суви камени ѕидишта, бликаше оној огромен свет, полн со преживувања, личности, судири меѓу нив, дива гордост, свет што преминал во минатото, но што е така јасен и жив во неговата пламната глава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Светлосната жица помодруваше, а заедно со ова неуморливо пристапување на приквечерината, гласот на Глигор добиваше нова упорност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во приквечерината кога мракот ги зафаќаше зафрлените агли, Глигор им се придружуваше на пејачите, пуштајќи го својот звучно тврд глас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една приквечерина Преспа си ги налеала стомните, ги затнала седумте кладенци и си тргнала накај домата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Така, секоја приквечерина, откако ќе си починеше дома по скитањето в град, тој го преполуваше пагурчето - седнат на мало столче под стреата пред влезот и загледан во градбите што растеа како тополи околу нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Воздухот во Лос Ангелос ја потсетуваше што им се случува на децата во привремени дом-семејства приквечерина кога ќе се соблечат, ја потсетуваше на нештата кои се прават со јажиња и парчиња метал во доградени бетонски гаражи додека автопатот ита во позадината како евтина музичка тема.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Бумбарите летаат во приквечерините.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше доцна попладне, приквечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Веќе фаќа приквечерина. Треба да си оди.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во тој дух и го почна разговорот една приквечерина, додека го пиевме кафето по кусиот одмор попладнето, одбегнувајќи ја на тој начин, колку што беше можно, жегата на денот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најживо беше во трговскиот центар и веќе во приквечерината се решавав да тргнам кон станицата, која е многу оддалечена од центарот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе