примерен прид.

примерен (прид.)

Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но исто така Македонците сознаваат дека Србија е држава што располага со војска, дипломатија, еден народ и една интелигенција што ќе ги бранат српските интереси во Македонија со примерна преданост и краен фанатизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Попусто сите тие месеци беше толку примерен и вреден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секој примерен беше задолжен со по еден таков лош другар во стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој стана градоначалникот на Закинтос, главниот град на истоимениот остров зашто беше омилен меѓу жителите и избран како честит и примерен жител, за прв човек на главниот град на островот, но според авторитетот, би се рекло и на целата островска заедница што броеше близу триесет илјади души.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За прв пат во животот имав можност да бидам примерна ученичка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Реков примерен, проклет да бидам, поради тој збор за малку да го замрзам целиот свет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мајка не беше била никогаш, на ниту една родителска средба за постарите браќа, па тие си ги завршија училиштата со одличен успех и со примерно поведение.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некогашен примерен дипломец на правни науки во Болоња, по ослободувањето на Албанија од фашизмот, во 1944 година, Бубуш ќе се вработи во Министерството за Правда, а потоа и на други работни места, како докажан експерт од областа на статистиката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Примерен, благороден татко, се колнам, би можело да се рече дека тој не беше толку штура природа, така скроена од своето раѓање.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги поздравив поздравно продавачките кои продаваа продавање, празните сали за проекции, полните пивници, го поздравив пијаниот кој пелтечи со педалите, полицаецот беспрекорен, патецот мој примерен.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Гого не беше некој примерен ученик, зашто од секоја тетратка правеше цртанка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Час беше примерен пациент, час вистински лудак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се облеков во црн елегантен фустан, со примерно деколте, малку раскроени ракави и прилично кус.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
1. Макар што му одеа сите предмети освен математика и ја заврши матурата со одличен успех вклучително со примерно поведение, Миха не знаеше што ќе студира - се шлаеше по сокаци, на плажа, на корзо, скокајќи од една можност на друга, како бос по врели камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На крајот на веста беше цитирана кусата изјава на другарот Едо Бранов, бивш Претседател во истата организација, а сега советник, кој велеше дека претседателот, другарот Граматниковски бил „примерен претседател“, „политички подобен“ и личност со „извонредна смисла за меѓучовечки односи“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Доколку доверителот не ја плати цената за администрирање на предметот пред започнувањето со извршните дејствија извршителот има право да му го врати барањето за извршување во примерен рок (чл. 3, ст.6 од ИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите овие луѓе на кои партијата им беше ветила блескава иднина, само да слезат од планините – за да станат нова класа, работничка класа, силна, челична, виорна, примерна, бестрашна, непобедлива – да ѝ зададат смртоносен удар на победената класа, на нејзините остатоци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Примерен, што уште не, проклет да бидам, примерен серко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Си го чекаш својот ред, исто како примерен затвореник од некое Орвел–сценарио.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Повеќе