принципат м.

принципат (м.)

Покрај надворешните граници на новата Република Албанија, превладуваше густата пајажина на внатрешните граници на земјата помеѓу различни принципати, минијатурни ефемерни републики, прогласени и одржувани во поделената земја од окупационите сили на Сојузниците, од големите фисови, верските конфесии.
„Граница“ од Луан Старова
И тоа не беше сѐ : беше воспоставена меѓународната влада во Скадар, која го избра швајцарскиот франк како официјална монета, исламскиот Принципат или Пашалак на Есадистите, Емиратот на сектата на бекташите, со свој султан и главен град на планината Томор, сепаратистичкиот православен принципат, со главен град Јанина, надвор од границите на Албанија, Принципатот Орош, формиран и одржуван според обичајниот законик на Лек Дукаѓини и на крајот самата Република Албанија, чии место и покрај постојните утврдени граници не се знаеше каде се наоѓаше!
„Граница“ од Луан Старова