припече св.

припече (св.)

Кога му ги врзаа очите мислам дека сонцето припече како пред врнење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А сонцето припекло како никогаш ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Да изодиме пред сонцето да припече, Ѕвездо моја, Да се качиш на магарето? - се сврте домаќинот Петре и прашално ја погледна истоштената домаќинка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)