присвоен (прид.)
И така Бугарин присвоено од комитетите и Организацијата за Македонските Словени, и соединувањето на нашите интереси со интересите на Бугарија во агитацијата на комитетите кај Бугарите, беа причина сета македонска работа да ѝ се припише од Европа на Бугарија и на Бугарите како бугарска надворешна појава да не се поддржува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Еротичната катарза беше доволно настрана да предизвика да се восхитам на способноста на соговорникот постојано да ја чувствува и еднакво да се разочарам од нејзината неспособност самата да се рефундира, без да ги трансформира силите на туѓата, подарена или сосила присвоена енергија.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
А мене сѐ уште ме штитат присвоените зборови, поговорки, изреки и мудрости на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)