приспие св.

приспие (св.)

Седеше и се грееше, но набргу од топлината му се приспа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Има една грмушка и една пенушка има, срцето ќе те одведе мракот ќе те приспие, и има мугра сина безшумно што доаѓа усните да ти ги навлажи со надеж и со роса.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Усмевај се ако сакаш. Само не приспивај се. Не мисли дека една таква усмевка може да измени нешто во животот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веше беше околу 22 часот и нам ни се приспа, кога на вратата се појави дедо ми со еден милиционер во униформа и со вистински пиштол на појасот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе се измори добриот дедо Спасе, ќе му се приспие но за да му угоди на внучето раскажува ли, раскажува...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ми се приспиваше!... Само што ме фати дремка... ја слушам вратата како се подотвара...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
МАТЕЈ: Сакаш да спиеш? БОРИС: Ако ми се приспие, ќе ја легнам јас овде, ќе си заспијам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Еден ден беше многу студено, имаше и малку сонце па ми се приспа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ја вртев толката и не трепкав, иако неочекувано многу ми се приспа. Се мачев да не заспијам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)